Underarm, HandPass to Handshake, Armwork Finish

Комбинацијава ја вежбаме на првите часови на почетниот курс кога играме на меренге музика. Како комбинација може да се употреби во сите танци.

Демонстрација и објаснување на комбинацијата во меренге форма (ниво 0):

Опис на комбинацијата:

 

0) Партнерот ја држи партнерката само со лева рака (за нејзина десна)

1) Партнерот ја врти партнерката на лево (нејзино десно)

2) На крај од вртењето ја спушта левата рака доле (нејзина десна)

3) Прави hand-pass turn на десно што завршува со handshake

Тоа е каде што партнерот менува за која рака ја држи насред вртење. За да е полесно, може и да смени на крај од вртењето. Во објаснувањето ја користи полесната верзија каде на крај од вртењето прифаќа handshake држење. Во демонстрацијата ја прави потешката верзија каде менува рака насред вртење.

4) Ја врти на десно со тоа handshake држење (handshake underarm)

5) По избор тука се прави било каков armwork* да се вратиме во нормално држење

– На пример може да ја земе и другата рака во двоен handshake и да направи necklace кај неа (double brush)

– Може да направи brush кај неа, па brush кај него (alternative brushes)

– Може да направи истовремено со десната brush кај неа, и со левата brush кај него (sombrero, односно simultaneous brush)

*- Во видеото користиме alternating brushes

 

Машки Чекори / Женски Чекори:

Зависи од танцот. Меренге верзијата на видеото нема посебни чекори, само се игра основен чекор во место и на моменти основно вртење во место. Тоа се учи на најпрв час и бесплатен вовед. Доколку немаш научено, пријави се за бесплатен вовед.

Тежината на комбинацијава зависи од танцот
  • Ако ја играме во меренге, оваа комбинација е ниво 0, односно можат да ја изиграат и тие што одат само 1-2 часа на танц.
  • За да ја изиграме во бачата, ни треба малку повеќе искуство. Обично луѓето од крајот на прв степен можат да ја изиграат оваа комбинација во бачата форма.
  • Исто е за играње во ЧаЧа форма. Обично луѓето од крајот на прв степен можат да ја изиграат оваа комбинација во чача форма.
  • За салса пак е за некое ниво уште потешко. Обично луѓето што ќе стигнат до средината на втор степен можат да ја изиграат истата оваа комбинација во салса форма.

Комбинацијата во други танци:

Кога се игра истата комбинација во други танци, има повеќе детали и финеси за да успее. Особено зашто во секоја од тие верзии машките и женските чекори се различни. Затоа секоја од тие верзии е на посебна страница. Само кликни на верзијата што те интересира.

Истата комбинација во Бачата (Ниво 1)
Истата комбинација во ЧаЧа (Ниво 1)
Истата комбинација во Салса (Ниво 2)
Scroll to Top