Underarm with Hand Drop to Handshake, Underarm

Комбинацијава ја вежбаме на прв степен кога играме на меренге музика. Како комбинација може да се употреби во сите танци.

0) Партнерот ја држи партнерката само со лева рака (за нејзина десна)
1) Партнерот ја врти партнерката на лево (нејзино десно)
2) Во моментот кога е таа со грбот према него, ја носи раката до неговото десно уво, и ја пушта да падне
3) Како што паѓа нејзината десна рака надоле, тој ја дочекува доле со неговата десна рака, со тоа добива handshake држење
4) Сега со тоа handshake држење ја врти пак на лево (нејзино десно)

Тежината на комбинацијава зависи од танцот

  • Ако ја играме во меренге, оваа комбинација е ниво 0, односно можат да ја изиграат и тие што одат само 1-2 часа на танц.
  • За да ја изиграме во бачата, ни треба малку повеќе искуство. Обично луѓето од крајот на прв степен можат да ја изиграат оваа комбинација во бачата форма.
  • За салса пак е за некое ниво уште потешко. Обично луѓето што ќе стигнат до крајот на втор степен можат да ја изиграат истата оваа комбинација во салса форма.
Оваа комбинација во ЧаЧа верзија може да се види овде.
(Наскоро) Видео од Комбинацијава во Меренге (Ниво 0)
(Наскоро) Видео од Комбинацијава во Бачата (Ниво 1)
(Наскоро) Видео од Комбинацијава во Салса (Ниво 2)
Scroll to Top