Имаме 2 старосни категории за сите што се надвор од детските групи. Значи покриени се сите возрасти од 16 до 99.
Најчесто организираме настани за млади, односно тие “од 16 до 29 години”, и посебно за “возрасни”, односно тие “над 30”.
Ваш е изборот на кој тип на настан сакате да присуствувате. Повеќе информации за тоа има тука.
Имаме 2 категории на детски групи. Првата категорија е за деца од 4-6 годинки. Втората категорија е за деца од 7 до 10 години.
За постари деца доколку се почетници препорачуваме да почекаат до 16 години и да се вклучат во рекреативна група за млади.
Најбрзи и најажурни информации и понуди ќе добиете доколку не контактирате преку нашата Facebook Страна, односно на facebook.com/SakamTanc/.
Кликнете тука да ви се отвори фејсбук конверзиција во живо со нашиот тим. Или пак отворете ја фејсбук страната и пратете ни порака.
Доколку немате Facebook, можете да не контактирате на e-mail адресата info@sakamtanc.com
Ако немаш никаков осет за танцување – курсов е баш за тебе. Темпото на предавање е идеално за луѓе што никогаш во животот не изиграле ниту еден единствен чекор во ниту еден танц.
Ова е единствениот таков курс во Македонија. Во другите школи почетните курсеви користат премногу брз стил на предавање. Кај нив можеш да фатиш само ако имаш “талент”. Значи мораш да имаш претходно искуство со танцување или слична активност.
За жал многу луѓе поаѓаат на тие почетни курсеви и носат грешен заклучок. Најчесто си велат “очигледно танцов не е за мене, еве појдов на курс за апсолутни почетници, и ништо не ми иде”…
Тоа е многу жална реалност за која се криви лошите инструктори.
За жал премногу школи во земјава лажно рекламираат дека нудат “почетен курс за возрасни”, и само создаваат фрустрација и разочарување кај многу луѓе.
Таквите инструктори знаат како да работат со тебе само ако имаш претходно искуство, кои тие лажно го нарекуваат “талент за танцување”…
Но не знаат да те научат да танцуваш ако немаш претходно искуство со танц или слични активности. Ако првпат во животот пробуваш нешто вакво, не знаат како да ти помогнат.
Нашиот курс е за луѓе без специјален талент и без никакво претходно искуство со танц или слични активности.
Главната цел во почетната група ни е да создадеме пријатна и комфорна атмосфера за луѓе што пробуваат нешто вакво за првпат во животот.
Тоа не е случај во повеќето танцови школи во Македонија. Таму многу почетници имаат лошо искуство зашто на часовите атмосферата знае да биде напорна.
Дел од причината е тоа што многу често поискусни танчери доаѓаат на почетен курс “да се прават важни” пред почетниците.
Почетниот курс не е за тебе доколку сакаш да демонстрираш и покажеш колку добро ги играш почетните работи.
Почетниот курс е за луѓе што не пробале да играат апсолутно ништо во животот. Не е соодветен за луѓе со претходно искуство.
Доколку имаш претходно искуство информирај не на chat. Ќе можеш да се запишеш официјално на повисок степен, а по потреба да комбинираш со почетниот курс (бесплатно).
Оваа опција за комбинирање е само ако искрено сакаш да се потсетиш на основите или да ги научиш правилно. Повеќето школи во земјава ги предаваат основите неправилно.
Доколку веруваш дека ги знаеш сите почетни работи совршено добро и сакаш да ги импресионираш почетниците… подобро е да не се пријавуваш воопшто.
Секако, ако се запишеш на повисок степен, ќе може да доаѓаш плус и на почетната група – за да ги извежбаш основите правилно.
Ако веруваш дека немаш што да научиш на почетен курс, подобро е да го скокнеш и да одиш директно на повисок степен.
Доколку имаш пробувано да играш барем малку, ситуацијата е различна. На пример ако имаш одено само неколку часа како дете, или пак имаш пробувано по латино забави.
Немаш доволно знаење да можеш да почнеш на повисок степен. А веројатно е дека и многу работи и ги имаш научено неправилно и грешно.
Најдобро е да одиш на почетниот систем зашто ќе ги научиш по-правилно работите.
Само имај предвид дека ќе треба да имаш малку трпение на првите часови. Дури и ако имаш ептен малку пробувано, тебе часот ќе ти биде многу полесен од другите.
Може дури и да ти биде досадно и да се чудиш зашто некои работи ги повторуваме ептен бавно.
Ако имаш некое искуство првите неколку часови тебе ќе ти се чинат бавни и досадни.
Но ова е така затоа што групата е за луѓе што не пробале апсолутно ништо и никогаш во животот. Курсот е дизајниран специјално за нив, а особено првите неколку часови.
Стрпи се и почекај неколку часови, зашто тогаш ќе стигнеме на ниво каде темпото на работа ќе ти одговара и тебе.
Само избери ја соодветната опција во формуларот кога ќе резервираш место, а ние ќе те информираме ако се појави опција да скокнеш неколку часа понапред.
А во меѓувреме фокусирај се на информациите што ги даваат инструкторите за правилност. Можно е многу работи да ги играш грешно.
Многу луѓе веруваат во легендата наречена “талент”, но од наше искуство не постои такво нешто. Да, вистина е дека некои луѓе што доаѓаат на возрасен курс фаќаат и учат многу побрзо од другите. Но, има една тајна кај нив.
Доколку ги испрашаш тие “талентираните” ќе дознаеш дека оделе со години на пливање, боречки вештини, гимнастика, играорна или јога. Тие активности го развиваат осетот за контрола на телото на сличен начин како танцот.
Сето тоа прави огромна разлика и затоа тие луѓе фаќаат многу побрзо. Тие веќе имаат развиена моторика за контрола на телото. Иако велат дека се почетници во танцот, тоа не е сосема точно, тие не почнуваат од нула.
Многу често другите по грешка ги нарекуваат ваквите луѓе “природно талентирани” бидејќи фаќаат полесно и побрзо, но тоа е апсолутна легенда и невистина.
Дури и да немаш тренирано ниту една слична активност, но се бавиш со музика, пак може да ти биде полесно од другите.
На почетен курс многу често се повторуваат некои чекори одново и одново за да луѓето почнат да фаќаат ритам. Ако ти веќе имаш осет за ритам, може сето ова да ти биде досадно и непотребно повторување…
Исто така, луѓе што се бавеле многу години со спорт, дури да нема сличности нивниот спорт, ќе имаат предност и побрзо ќе совладуваат.
Кај нас првиот степен е за луѓе што почнуваат од нула и немаат осет за ритам.
Не е соодветен за луѓе со претходно искуство, на пример танцување како дете, бавење со музика или учество на активности што се слични на танцот (боречки вештини, пливање, јога, итн).
Во тој случај имаме препораки за тоа како да почнеш на повисок степен.
Речиси никој не успева да дојде на сите 12 термини, тоа е нормално. Се случуваат работи и нормално е некогаш да испуштиш час од оправдани причини.
Ние тоа го имаме во предвид и системот е испланиран така да не прави разлика ако пропуштиш по некој час тука или таму.
Ние ги планираме часовите и што се предава или повторува на кој час зависно од тоа кои луѓе го пропуштиле претходниот час и кои луѓе се присутни на часот тој ден.
Курсот е дизајниран за луѓе што танцуваат првпат во животот и планираат да одат редовно на сите часови. Но не е страшно ако понекогаш испуштат час.
Брзината е темпирана за да часовите им бидат идеални на тие што се најредовни. Но ако некој пропушти 1 час, нема да им направи голема разлика ако се инаку редовни.
Ако некој ги пропушти пола од часовите на курсот… тоа е веќе поголем проблем… ќе има чуство дека танцот е напорна работа или дека курсот е “тежок”.
Може дури да се случи да донесе грешен заклучок дека “танцот мене не ми лежи, не е ова за мене”. Но тоа им се случува зашто пропуштиле премногу часови.
Слично се случува ако некој пропушти 3-4 часови по ред… Дури и да ги фати сите други часови на курсот, пак ќе биде проблем.
Ако не информираш кога ќе пропуштиш час, ние ќе го оптимизираме следниот час така што ќе ти биде едвај 10% потежок отколку нормално. Ќе треба да се концентрираш малку повеќе, но веќе од прекуследниот час пак ќе се вратиш во нормала.
Речиси сите прават некаква уплата уште веднаш после првиот час. Дел прават уплата на втор час, а помал дел луѓе се случува да уплатат дури од трет час.
Инструкторите ги организираат овие курсеви без желба за профит и членарината е дизајнирана да го покрие трошокот за киријата и користењето на просторот.
Доколку сакаш можеш да направиш уплата само за првиот месец, па потоа за секој месец посебно. Но повеќето решаваат да го искористат попустот за плаќање на целиот курс одеднаш.
За повеќе информации за сите и цени и попусти, можеш да видиш во ценовникот тука.
Доколку откриеш екстра попуст во ценовникот и сакаш да го искористиш, информирај не за тоа.
На пример доколку најдеш уште еден пријател за одење на курсот и сакаш да го искористиш попустот за повеќе пријатели – информирај не.
Или пак ако начекаш промоција за парови, носење свој партнер, и слично. Информирај не ако сакаш да искористиш таква промоција.
Резервирањето места оди по електронски пат. За да се пријавиш, само контактирај не преку Фејсбук страницата. Тоа можеш да го направиш преку Messenger тука. Или со притискање на chat иконата доле десно.