Комбинацијава ја вежбаме на прв степен кога играме на меренге музика. Како комбинација може да се употреби во сите танци.
0) Партнерот ја држи партнерката само со лева рака (за нејзина десна)
1а) Партнерот ја врти партнерката на лево (нејзино десно)
1б) На крај од вртењето ја спушта левата рака доле (нејзина десна) и со неговата десна ја зема нејзината десна за да добијат handshake држење
2а) Ја врти на десно со ова handshake држење
2б) На крај од вртењето ја зема нејзината лева со неговата лева за да добиеме двоен handshake
3) Ја врти на десно со овој двоен handshake
4) По избор тука се прави било каков armwork да се вратиме во нормално држење
– На пример може да ја земе и другата рака во двоен handshake и да направи necklace кај неа (double brush)
– Може да направи brush кај неа, па brush кај него (alternative brushes)
– Може да направи истовремено со десната brush кај неа, и со левата brush кај него (sombrero, односно simultaneous brush)
Тежината на комбинацијава зависи од танцот
- Ако ја играме во меренге, оваа комбинација е ниво 0, односно можат да ја изиграат и тие што одат само 1-2 часа на танц.
- За да ја изиграме во бачата, ни треба малку повеќе искуство. Обично луѓето од крајот на прв степен можат да ја изиграат оваа комбинација во бачата форма.
- За салса пак е за некое ниво уште потешко. Обично луѓето што ќе стигнат до крајот на втор степен можат да ја изиграат истата оваа комбинација во салса форма.