Комбинацијава ја вежбаме на прв степен кога играме на меренге музика. Како комбинација може да се употреби во сите танци.
0) Партнерот ја држи партнерката само со лева рака (за нејзина десна)
1) Партнерот ја врти партнерката на лево (нејзино десно)
2) Како што се довртува партнерката, ја носи нејзината рака кон неговата десна за да добие handshake држење
3) Прави Brush кај неа со кој го фаќа нејзиното (лево) рамо
4) Со мал импулс на рамото иницира кај неа вртење
Тежината на комбинацијава зависи од танцот
- Ако ја играме во меренге, оваа комбинација е ниво 0, односно можат да ја изиграат и тие што одат само 1-2 часа на танц.
- За да ја изиграме во бачата, ни треба малку повеќе искуство. Обично луѓето од крајот на степен 1а можат да ја изиграат оваа комбинација во бачата форма.
- За салса пак е за некое ниво уште потешко. Обично луѓето што ќе стигнат до средината на втор степен можат да ја изиграат истата оваа комбинација во салса форма.