Честитки за завршување на мини-курсот
– Ако сакаш да продолжиш со почетното ниво (ниво 1), сега е правиот момент. Додека ти е знаењето се уште свежо.
— Но, ако не можеш да почнеш сега поради некоја причина, не се грижи. Ќе можеш да го земеш степен 1 некогаш во иднина. Не се грижи, нема да заборавиш се, а ако треба ќе можеш да повториш степен 0.
Специјална промоција, сега и никогаш повеќе
Бидејќи сакаме да го зголемиме бројот на студенти кои одат на ваков курс, решивме да пробаме нешто поприлично лудо како експеримент.
За тие студенти што ќе го земат пакетот за цел прв степен, цената ќе те фати само 400 денари од месец.
Не е печатна грешка. Бидејќи овој попуст е премногу голем најверојатно нема да го направиме ова пак. Па доколку се запишеш за почетниот курс некогаш во иднина би било по некоја нормална (и многу повисока цена).
Колку долго трае степен 1? Колку часа, итн?
Заради тие што не се сигурни дека можат да се посветат 12 недели, почетното ниво го поделивме на 2 степени, а тоа се степен 1А и степен 1Б. Секој од нив трае само 6 недели
- Значи ако го земеш степен 1А, ќе го завршиш за само 6 недели од сега.
- Доколку ги земеш двата степени, тоа се 12 недели за да го совладаш целото почетно ниво
* Да нема забуна, со курсот имаш 2 часа во неделата. Но и двата часа се на истиот ден. Час од 45 минути, кратка пауза за дружење, па уште еден час од 45 минути.
– Засега сте запишани дека сакате да продолжите со степен 1 веднаш по завршување на степен 0
– Ќе пробаме да почнеме со степен 1 уште веднаш, бидејќи така е идеално за оние што сега завршиле со степен 0. Значи планот е да почнеме следнава или прекуследнава недела.
– Точниот датум за старт зависи од другите пријавени за степен 1. Тоа ги вклучува сите што завршија мини-курс сега (имаше повеќе групи на различни денови), но и луѓе што од претходно чекаат степен 1
Ве молиме за информација ако има промени
– Ќе ве распределиме во една од групите што почнуваат сега набрзо, зависно од одговорите што ги дадовте кога се пријавувате за мини-курсот (за денови кои одговараат, односно не одговараат).
– Доколку сте спречени да почнете сега (наредниве две недели) поради патување или некоја слична причина, информирајте не, за да ве планираме за некоја наредна група (ако има).
– Исто така информирајте не доколку има промена во односно на денови што никако не ви одговараат (не можете да присуствувате).
> Ќе бираме термин според деновите кои ги имате избрано во формуларот претходно. Ако не сте сигурни што сте избрале, слободно пишете ни порака со денови/времиња што не одговараат, односно денови на кои секако сте зафатени. За да имаме предвид.
Секако, информирајте не и ако имате некои други прашања
Ако имате било какво прашање или белешка, само пишете ни. Пробуваме да формираме супер систем за Вас. Па што повеќе информации имаме, толку подобро ќе успееме да го склопиме.