Ако не си член на групата, односно немаш купено никаков пакет, се плаќа 300 денари од саат. Но бидејќи на танцот сакаме да ја наградиме редовноста, најголемите попусти доаѓаат со земање редовен курс кој вклучува голем број на часови како пакет.
Истиот попуст (цени) може да се доделат и на други категории. Само прашајте ако ве интересира.
Примерот погоре за попуст при "плаќање на цело ниво одеднаш" е пакет каде добиваш попуст за плаќање 2 степени одеднаш. Почетното ниво има само 2 степени, па така овој пакет е доволен да го завршиш почетното ниво. Некои од повисоките нивоа ќе имаат повеќе од 2 степени.
Се прави една уплата од 1250 денари и со тоа добивате пакет од 5 саати кои можете да ги употребите на групни часови или настани (зависно од тоа дали има место на настанот или часот).
Попуст: 16%
Се прави една уплата од 2000 денари и со тоа добивате пакет од 10 саати кои можете да ги употребите на групни часови или настани (зависно од тоа дали има место на настанот или часот).
Попуст: 33%
Доколку учествувате на час од 45 минути, тоа ќе ви се наплати како цел саат. Ако дојдете на настан што трае вкупно 90 минути (саат и пол), тоа ќе ви се брои и ќе ви се наплати како посета од 2 саати. И така натаму.
Се прави по една уплата од 1500 денари за секој човек посебно за целиот степен
Се прави само една уплата од 4000 денари, и со тоа се покриени двата степени, односно 12 недели и за двајцата, значи за парот како целина
Доколку повеќе пријатели се пријават и плаќаат заедно, цената од месец е помала за сите пријатели
Доколку се плаќаат повеќе степени или курсеви одеднаш, цената од месец е пониска