Час 5

Краток Преглед

На час 5 не учевме нови чекори, само комбиниравме работи што ги знаеме претходно на нови начини. Значи старите комбинации ги игравме на чача музика. Единствена разлика е што имавме многу чача вртења, па групата сега е поискусна со вртењата.

Ако го пропушти овој час:

Нема да имаш никакви проблеми следниот час. Ако си го повежбаш чача вртењето дома или дојдеш порано во делот за повторување… часот ќе ти биде потполно исто како да немаш пропуштено ништо.

Ако не стигнеш ни малку да повежбаш дома, плус не стигнеш на делот за повторување, часот може да ти биде едвај 10% потежок од нормално, но пак ќе фаќаш без проблем.

Scroll to Top