Час 6

Овој преглед е за девојките што не стигнаа на час 6. Овојпат стигнаа сите машки, а имаше повеќе отсутни девојки

  • Се погоди повеќе девојки да се надвор од Скопје денеска, па затоа се фокусиравме на машкиот дел, а тоа е памтење на комбинациите, како да комбинираш, итн
  • Не учевме ништо драстично ново/различно

Единствено што беше ново од женски аспект беше:

  • Го довршивме чекорот за hustle што го почнавме на час 5. Сега, на час 6 имавме за цел да го довршиме да успева на музика. Ако си била на претходниот час (беше на час 5) тогаш ќе го фатиш и ти чекоров на музика без проблем.
  • Го вежбавме салса вртењето се побрзо и побрзо, додека да стигнеме да ни успева да се вртиме на музика. На цела група и успеа ова многу брзо… тоа значи дека е слегнато од претходни часови, затоа успеа веднаш.

Значи ако си била на претходните часови, ќе го фатиш салса вртењето на музика доста брзо. Не заборавај дека секогаш повторуваме доволно да фатат и тие што пропуштиле час. Така да следен час (на час 7) ќе повториме колку и да треба и ако треба за девојките што не стигнаа.

Значи следен час нема да имаш никакви проблеми со часот. Но ако сакаш можеш да си повежбаш салса вртење дома, пробувајќи да успееш да се вртиш побрзо. Ако не, само дојди порано следниов час (час 7) во делот за повторување.

Scroll to Top