Час 3

Имаше поголема бројка луѓе што имаат испуштено или прв, или втор час од курсот екстра фигури. Затоа на овој, трет час имавме повеќе повторување.

Bachata
  • Повторувавме headroll и како може да се искомбинира после секоја фигура. Па вежбавме да комбинираме сите фигури што ги знаеме, и да уфрлиме headroll на крајот од некои фигури
  • Учевме 3/4 вртење надесно што завршува со Right Angle Sweetheart, па враќање (вртење) назад према почетната позиција
Hustle
  • Повторивме left-side-pass со hammerlock, па враќање назад на почетна позиција
  • Повторивме Cascading Ochos во Hustle верзија
Salsa
  • Ја работевме комбинацијата “4 Основни Чекори со 4 пати CrossBody”
  • Стигнавме до средината на комбинацијата, а тоа е делот каде што го правиме чекорот BackRocks. Ова е основен чекор, но беше нов за сите. Многу битен чекор што ќе го користиме понатаму за повисоките степени.
  • Како дел од вежбањето back-rocks научивме и како да исправуваме колено, што е многу за учење финеси понатаму за да изгледаат убаво нозете кога играме.
Scroll to Top