Дали е курсов за тебе?
Но нашиот почетен курс не е соодветен за секого. Оваа табела подоле може да ти помогне да дознаеш која од опциите ќе ти одговара повеќе.
Белешка: Во Македонија има две школи за возрасни кои имаат мешана програма. Нив тука ги нарекуваме “Втора Школа” и “Трета Школа” за полесна споредба.
Покрај тоа има еден мал милион помалечки школи за салса и бачата. Тие се сите ставени заедно под една иста колумна наречена “други школи”, бидејќи во однос на карактеристиките што ги гледаме во споредбава погоре, тие се сите исти.
*-Во Македонија постојат и неколку школи за танц за деца. Понекогаш организираат групи/курсеви за возрасни, но не се вклучени во споредбава погоре. Значи споредбава не се однесува на нив.
Што е тоа "талент"?
На курсевите за млади и возрасни почетници се користи овој збор да се опишат луѓето кои успеваат да фатат и научат побрзо од нормален човек. Во повеќето школи ако не си “талент” ќе се мачиш да научиш, и ќе мораш да се откажеш за неколку недели.
Тајната на ваквите “таленти” не е во некаков ген. Тие секогаш се луѓе што претходно се бавеле со танц (кога биле мали деца) или тренирале слични активности. Во повеќето школи инструкторот предава на таков начин што нема да можеш да фатиш ако си возрасен почетник без претходни искуства.
*-Возрасен почетник е личност која пробува танц за првпат откако ќе наполни 16 години. Учењето основа на танцот е многу различно за деца наспроти луѓе што веќе поминале пубертет.
Какви се тие "ѕвезди"?
Постојат луѓе кои имаат преголема самодоверба во танцот. Овие луѓе нагалено ги нарекуваме “суперѕвезди”.
После само неколку месеци танцување, таква личност инсистира дека треба да учи супер напредни професионални фигури за телевизиски настапи. Иако таа личност најчесто прави многу повеќе грешки од другите и уште нема ни правилна основа.
Понекогаш се луѓе со талент, па затоа се преценуваат. Понекогаш се луѓе што поради преголема самодоверба фаќаат малку побрзо. И во едниот и во другиот случај вакви луѓе учат преку сила 20% побрзо од другите, но мислат дека се 10,000% подобри од “нормален човек” и дека заслужуваат специјално внимание и слава.
На часовите ваква личност обично не ги ни слуша инструкциите за правилна основа и превртува очи кога зборува инструкторот. Смета дека игра совршено од прв обид и веќе е време да ги игра најнапредните работи што ги видел/а на YouTube или телевизија.
Повеќето салсобачатни школи во Македонија се соодветни за ѕвезди и одбивни за поскромни луѓе. Исто е и со една од школите за мешани танци. Не се учат работите правилно и обично се брза премногу. За многу кратко време се стига до “учење” напредни или дури професионални фигури.
“Ѕвездите” се пресреќни со таков начин на учење бидејќи немаат претстава колку смешно изгледа кога пробуваат напредна фигура после само 3 месеци танцување. Самодовербата им е во облаци. На такви места со таков пристап просперираат ѕвездите.
Но луѓето што не се ѕвезди (нормални луѓе) ќе имаат многу лошо искуство на такво место. Баш поради тие лоши искуства и намалена самодоверба се откажуваат од танцување.
Што е тоа мешан програм?
Во Македонија има безброј мали школички што знаат да предаваат само 1-2 популарни танци. На пример на курсот се учи само салса и бачата. Или пак го ставаат секој танц во посебен курс, за да плаќаш посебно за секој танц.
Овој пристап е супер за профитот на школата. Но, е многу лоша идеја за тебе ако си почетник. Најдобрите и најуспешни школи во светот користат систем со мешана програма каде што учиш повеќе слични танци.
Звучи чудно… Но со ваков систем многу побрзо ќе научиш да играш правилно и убаво. Доколку сакаш да дознаеш повеќе за ова, погледни тука.
Ќе дознаеш повеќе за системот што го користиме да научиш поубаво и побрзо, а при тоа да знаеш да заиграш на било каква музика.
Школите со повеќе танци имаат повеќе членови
Во Скопје име има еден куп мали салсобачатни школи, и повеќето од нив имаат особено минијатурни групи како и мал број на вкупни членови во школата. Тоа значи дека при упишување на такво место ќе имаш мал број на партнери за вежбање и дружба.
Школите со мешани програми пак секогаш имаат повеќе членови и поголеми* групи, затоа што повеќето луѓе сакаат да играат на секој тип музика.
*-Школатри е исклучок на ова правило. Иако имаат мешан програм со повеќе танци, понекогаш им се случува да имаат премали групи.
Каков е тој план за машки и женски места?
Во повеќето школи во Македонија не се внимава на квалитетот на групата. Или има премногу машки, или премногу женски. Тоа значи дека пола час ти поминува чекајќи на ред да играш со некого. Уште полошо, такви групи што се формираат на брзање знаат да се распаднат многу бргу, и до крајот на курсот доаѓаш во празна просторија.
Што е тоа прогресивен систем за Салса и Бачата
Ова се двата латино танци што се моментално најпопуларни во градот. Тоа е затоа што се многу едноставни и за кратко време се учат многу интересни фигури за забава и дружење.
Но сепак, дури и во таков едноставен танц постојат нивоа на тежина. Идеалниот курс треба да го дели материјалот на прогресивен начин. Прво учиш нешто што е лесно да го научи било кој. Кога ќе го научат сите тоа правилно, потоа се учи нешто што е едвај 5% потешко. Па така сите добиваат самодоверба учејќи нешто што е само малку потешко.
И така секој час се учат работи што се само 5% потешки од претходно, и часовите ти се секогаш таман. Секогаш ти е забавно, а имаш одличен прогрес. Во некои школи инструкторите “немаат осет” за нивоа и предаваат работи без никаков редослед или логика.
Во таков случај најчесто на часовите се мачиш и не можеш да научиш ништо. Потоа (грешно) заклучуваш дека си “анти-талент”. Не постојат анти-таленти, постојат само лоши учители. А ако другите во просторијата фаќаат побрзо, тоа е затоа што не се вистински почетници и инструкторот предава за нив наместо за тебе и другите вистински почетници.
Каков е тој систем за возрасни рекреативци?
Има голема разлика помеѓу возрасни почетници и мали деца. А во танцот како возрасен почетник се смета секој што почнува покасно од 16 години.
Ние користиме уникатен систем кој е дизајниран за возрасни почетници што сакаат да играат за рекреација и дружење.
Порано во Македонија не постоеше рекреативно ниво за повеќето танци
Танците “Салса” и “Бачата” се екстремно популарни кај возрасните почетници зашто имаат рекреативно ниво на играње (тоа е ниво 1 во танцот). Кога учиш танц на ова ниво, можеш за многу кратко време да научиш многу интересни фигури.
Проблемот во Македонија е што школите со мешани програми немаат рекреативно ниво за другите танци. Почнуваат директно од ниво 3 во танцот. А тоа ниво е досадно и мачно за почетници кои сакаат да играат рекреативно – односно за забава и дружење.
Во Македонија другите 2 школи со мешан програм користат систем кој е развиван по европските натпреварувачки школи, и е дизајниран за тренирање мали деца за натпревари. Таквиот систем не одговара за возрасни почетници кои играат за рекреација.
Целта на Сакам Танц е да помогне на возрасни почетници што побрзо да играат што повеќе интересни фигури за рекреација и забава. Без притоа да мора да се ограничат само на двата наједноставни танци – Салса и Бачата.
Ние ги учиме сите латино танци прво на рекреативното ниво (односно ниво 1). Така можеш за многу кратко време да играш голем број интересни работи со пријателите, на било каква музика. Не мораш да се ограничиш само на Salsa & Bachata.
Во другите две школи кога учиш танц како на пример ЧаЧаЧа… веднаш почнуваш да ја учиш највисоката верзија од тој танц, а тоа е натпреварувачката, ballroom верзија. Таа верзија на танцот ние ја нарекуваме “ниво 3” верзија. Таа ја имаат развиено професионалните танчери за користење на натпревари и телевизиски настапи.
Кога ќе се научи знае да изгледа многу убаво и префинето, но е дизајнирана за луѓе кои се спремни да посветат години и години на танцот и како главна цел го имаат натпреварувањето.
Во “ШколаДва” се почнува директно од “Ballroom” (Ниво3) верзијата од танцот. Бидејќи инструкторката во оваа школа внимава да се научат работите правилно, се учат многу малку фигури во годината. Тоа значи дека на забави ќе ти биде досадно бидејќи немаш што да играш.
Во “ШколаТри” исто така се почнува директно од “Ballroom” (Ниво3) верзијата од танцот. Но таму не се внимава на правилност и многу брзо се трупаат фигурите од ова ниво 3.
Иако “повисоко ниво” звучи убаво… вистината е дека неувежбани почетници кои трупаат ниво 3 фигури изгледаат смешно и несмасно. Подобро е да да го играш правилно и елегантно ниво 1, отколку несмасно и исфорсирано да играш ниво 3 фигури.
Тајната е во ова – ако го играш правилно ниво 1 од танцот = ќе изгледаш подобро од некој што игра ниво 3 на несмасен начин. Повисокото ниво изгледа подобро само ако го играш правилно.
Затоа ние почнуваме со првото ниво за сите латино танци, не само за Salsa & Bachata. Па така за многу кратко време ќе имаш голем број интересни фигури за рекреативно играње и дружење со пријателите на било каква музика и со било кој танц.
Откако ќе го совладаме рекреативното ниво (ниво 1 верзија на танцот), постепено преоѓаме на ниво 2 верзија од танцот, па евентуално и ние стигаме до ниво 3. Значи евентуално (ако сакаш) ќе стигнеш до ниво 3 од танцот… но во меѓувреме нема да ја жртвуваме ниту забавата, ниту квалитетот.
Некои танци се несоодветни за млади рекреативци
На почетниот курс не учиме танци како валцер и танго бидејќи е тоа многу лоша идеја за млади и возрасни рекреативци.
Сите танци што ги учиме на почетен степен се поврзани преку специјален универзален код. Тоа значи дека се што ќе научиш во еден танц, веднаш ќе можеш да го играш во другите танци, односно на било која музика.
Тоа не е случајот со посложени танци како танго и различните валцери. Си имаат свој јазик и логика и не можеш лесно да префрлиш чекорите и знаењето од другите танци.
Во другите две школи се учат и ваквите танци на почетен курс… Кај нас таков посложен танц доаѓа дури на повисок степен, и тоа само кога ќе бидат спремни и желни да го учат сите.
Во другите две школи се наметнуваат вакви танци на почетниците. Ние сметаме дека нема потреба почетник да се мачи за да научи само 2 чекори во Валцер или Танго… A ионака ќе му биде многу полесно да ги научи кога (и ако) се запише на повисок степен.
Нема исфорсирани настапи и церемонии за почетници
Во сите други школи за возрасни постои неразумно притискање на исплашени почетници да настапуваат и играат пред публика. Ги рекламираат курсевите како демек за “рекреација” и “дружење”, но моментот штом почнеш со часови почнуваат да те притискаат со рокови и датуми за различни настапи и промоции.
Школите го прават ова затоа што веруваат дека ако те тераат целиот преплашен да играш пред роднините, дека тоа ќе им донесе бесплатен маркетинг и повеќе членови.
Се организираат различни церемонии за завршување степен или некакви празнични настапи, и обично те охрабруваат да поканиш што повеќе пријатели и роднини да те гледаат како под трема се мачиш да се сетиш што имаш учено на курсот.
Уникатен систем кој гарантира дека нема никој да биде изоставен (100% гратис)
Во секоја школа за танц се поаѓа од (неразумната) претпоставка дека нема ништо друго да ти излезе во животот и ќе се посветиш на танцот комплетно, над се друго во животот. А доколку не можеш да ја стигнеш групата, се очекува да платиш пак, или за скапи приватни часови, или пак да го платиш истиот курс.
На такво место ако пропуштиш час, наредните часови ќе се мачиш да фатиш. Повеќето луѓе ќе пропуштат некој час од оправдани причини, и после не можат да ја стигнат групата, па потоа едноставно се откажуваат.
Додај го на тоа фактот дека (во сите освен една школа) плус и обично се брза и се предава според темпото на најталентираните, односно тие што фаќаат побрзо… и ако си апсолутен почетник што некогаш ќе пропушти час – немаш шанса да ја стигнеш групата…
До крајот на курсот групата е минијатурна и останале само најредовните и најталентираните, бидејќи само тие можат да успеат на ваков систем.
– Ние знаеме дека е нормално да ти излезе нешто и дека понекогаш ќе мораш да пропуштиш час. Битна семејна пригода, боледување, патување, или што и да е.
– Затоа имаме неколку (100% гратис) опции да ти надоместиме, така што нема да имаш проблеми ако касниш позади групата, дали поради пропуштен час, или било која причина.
Затоа правиме 3 уникатни работи со кои не мораш да се плашиш од изостанување позади групата. Не е потребен ниту талент, ниту опседнатост со танцот и откажување на сите други обврски во животот.
Пред официјалниот термин за часот, претходно имаме тотално бесплатен термин за надоместување. Тоа е краток термин од 20-30 минути каде што доаѓаат тие што го пропуштиле претходниот час.
– Бидејќи не доаѓа целата група, туку само тие што сакаат да надоместат, успеваме за само 20-30 минути да надоместиме тоа што треба за да си продолжиш со часот најнормално, исто како да немаш пропуштено час.
– Терминот може да го користи секој што сака. Ако не си 100% сигурен дека фати се од претходниот час или мислиш дека касниш позади групата, можеш да го користиш овој гратис термин кога и да сакаш
– Во други школи ако сакаш инструкторот да работи со тебе за надоместиш или ја стигнеш групата ќе мораш да земеш особено скап приватен час.
Следиме кој бил присутен на часот, а кој не бил. Следиме и кој доаѓа на следниот час, а кој не. Материјалот (односно што играме, учиме и повторуваме) го бираме според тоа кој е присутен во просторијата, и кои луѓе/колку луѓе пропуштиле час претходно.
Бираме што ќе повторуваме, и што ќе учиме од нови работи така да можат да фатат сите во просторијата (и тој што пропуштил некој час, и тој што пропуштил некој друг час).
Звучи многу сложено, и е сложена работа, но тоа е сложена работа за нас. Треба да избереме материјал кој што е истовремено интересен за најредовните, а пак да можат да го фатат тие што испуштиле некој час. Но тоа е повеќе работа за нас, ти само треба да дојдеш и да уживаш во материјал што е избран специјално за твоите потреби и прогрес.
Меѓутоа треба да направиш само една работа да ни помогнеш. Информирај не кога не можеш да стигнеш на часот. Ако пропуштиш час, информирај не дали следниот пат ќе стигнеш порано за гратис терминот за надоместување, итн…
Кога ќе се приклучиш на еден од групните курсеви, добиваш 100% гратис пристап према дигиталната верзија од курсот, плус сите помошни материјали.
Запамти, ти ионака со нашиот систем нема да имаш проблем ако понекогаш испуштиш час. Нема да имаш проблем ни ако фаќаш побавно од другите. Ние ги планираме часовите според тоа кој бил и кој не бил. Па дури и да пропуштиш некој час, нема да имаш премногу проблем. Плус, можеш да си дојдеш порано во терминот за надоместување ако се чуствуваш назад позади групата.
Но сето ова зависи колку го користиш опциите… Ако не известуваш кога пропушташ час, ние можеме да го оптимизираме курсот за тебе. Па дури и да пропуштиш час, нема да имаш проблеми, можеби ќе ти биде преку сила 10-20% потешко од нормално. А ако дојдеш порано, во терминот за надоместување, тогаш ќе ти биде потполно исто како да немаш пропуштено ништо. Значи нема да ти биде воопшто потешко, иако имаш пропуштено час.
Ако пропуштиш 2 часа по ред, но дојдеш во терминот за надоместување пред часот, тој час може да ти биде и до 10% потежок од нормално. Но бидејќи го оптимизираме материјалот, нема да ти биде многу потешко.
Ако се случи да испуштиш 3-4 часа по ред, веќе не е доволно само да дојдеш порано на тој прв час после толкава пауза. Но, доколку најдеш време да повежбаш дома со дигиталните материјали, можеш да надоместиш дури и за толкава пауза.
Впрочем, дигиталните материјали се дизајнирани да можат да го заменат одењето на курс речиси целосно.
Што ако испушташ многу часови по ред, плус не ги користиш бесплатните термини, плус не успееш да најдеш ни 5 минути на ден да вежбаш по дома? На друго место ќе требаш да се откажеш целосно и нема шанси да компензираш.
Кај нас има повеќе идентични групи. Ако пропуштиш повеќе часови и ти стане тешко одењето во твојата група, можеш да комбинираш со одење во друга слична група. Или пак ако треба, можеш да го земеш потполно истиот курс со понова група.
Сето ова е 100% бесплатно и нема додатно плаќање за овие опции. На друго место ако сакаш да го земеш истиот курс ќе си плаќаш одново редовна членарина, а некогаш поретко можеш да добиеш попуст. Но многу често ќе те убедуваат да земеш скапи приватни часови за надоместување.
Какви се тие финеси и тајни?
Има 2 начини да изгледаш добро кога играш. Првиот начин е да играш со години и години. Вториот начин е да вежбаш специјални тајни и финеси кои прават да изгледаш поубаво за многу пократко време. Има многу вакви мали тајни во танцот каде што ако смениш еден детал во играњето, веднаш изгледаш многу подобро од тие што не ја знаат тајната.
Бидејќи играме за рекреација, часовите се посветени претежно на учење интересни фигури и комбинации. Но дел од вежбањето (5 до 10%) оди на вежбање финеси и тајни. Бидејќи ги бираме најефективните детали, тоа е доволно да за 3 месеци играње изгледаш поубаво од некој што игра 6 или 9 месеци.
На повеќето луѓе им се допаѓа ова. Имаме еден тренинг во неделата од 90-110 минути (без паузите), и од нив во просек може 10 минути “се трошат” на пеглање и усовршување детали. Но има одредени луѓе кои реагираат како да целиот час бил “тупење детаљи” и истото го преувеличуваат како да е крај на светот.
За таквите луѓе дури и само 5% од времето да оди на финеси и детали, за нив дури и тоа е “премногу”. На часот превртуваат очи, и се жалат како сето ова е “замарање”, “тупење” и “досадно”. Ова се ѕвездите. По некоја иронија, тоа се истите луѓе што играат најнеубаво, и токму нив најмногу им требаат овие детали. За тие луѓе се најсоодветни школите што погоре се чекирани како соодветни за “ѕвезди.”
Другиот тип луѓе што реагираат лошо на вежбање финеси се луѓе со нереалистични замисли. Најчесто се луѓе кои велат “абе што е ова, нејќам тука професионалец да станувам. Нејќам да изгледам којзнае колку добро кога играм”. Ама не вежбаме финеси за да изгледаме “супер добро”. Вежбаме финеси за да не изгледаме лошо и да заштедиме време.
Ако не ги вежбаш финесите, ќе ти требаат 9 месеци да изгледаш ок кога играш, односно да не изгледа лошо. Ова се тајни со кои за 3 месеци ќе изгледаш подобро од некој што игра 9 месеци, а не ги вежба финесите. За да стане некој професионалец треба ем да ги знае сите финеси и тајни, ем да ги вежба секој ден со саати и саати, па тоа да го прави неколку години.
Во Македонија вакви финеси на групен час вежбаме само ние, и уште една школа за возрасни. Во другите школи за возрасни инструкторите или не ги знаат ваквите тајни, или пак намерно не ги откриваат. Или пак во еден случај каде инструкторот е теоретичар, тој ги открива тие детали со зборови (теорија), но не застанува да ги извежба тие детали со групата.
Друг пример е една позната Скопска инструкторка која за да се рекламира става снимки каде таа игра прекрасно, но не ти ја открива тајната – дека таа користи стотици финеси кога игра. Таа како дете има тренирано професионални сценски танци каде вежбала сите тие финеси со години.
Кога предава, таа предава само фигури и не ги ни спомнува финесите кои се тајната не нејзиниот успех. Дел од тајните не знае како да ги предаде, дел од нив намерно одбива да ги открие.