• Ова е ценовникот за оние кои сакаат да добијат пристап према различни дигитални курсеви и материјали на сајтот
  • Доколку сакаш да ги видиш цените за групните часови во живо, погледни тука
  • Членовите на нашите групи добиваат гратис пристап према материјали од соодветното ниво

  • Значи ако успееш да влезеш во група за ниво 3, ќе добиеш гратис пристап према материјалите за ниво 3
Дигиталниот курс е специјално дизајниран да биде замена за одење на курс по танц. Потребен е партнер или партнерка за вежбање по дома. Но ќе добиете слични резултати како да сте оделе на курс во живо.

Во танцот има безброј фигури, движења и комбинации. Генерално можат да се поделат на 9 нивоа (според тежината и сложеноста). А на секое ниво има илјадници фигури и комбинации.

Кога земаш курс (да речеме втор степен) инструкторот не ти ги предава сите 2500 комбинации што постојат на планета за ова ниво на танцување. Нема потреба да ја научиш секоја ниво 2 комбинација на планетата за да се рече дека имаш совладано ниво 2 во танцот.

Курсот е специјално дизајнирана програма каде можеш да го совладаш тоа ниво за одреден период, на пример 3 месеци. Значи инструкторот бира одредени фигури и комбинации со кои ќе совладаш ниво 2 во танцувањето за релативно краток период.

Бидејќи во курсот собира едвај 2% од она што го знаеме и имаме за одредено ниво, останатите работи ги додаваме на сајтот како додатни материјали. Значи постојано додаваме нови фигури, комбинации и финеси. 

Па така не мораш да се ограничиш само на комбинациите и фигурите што ќе ги научиш на главниот курс. Можеш да се вклучуваш на сајтот и да си бираш комбинации што ќе ти се видат како интересни, ако сакаш да имаш повеќе работи за играње.

Scroll to Top