Outside Swivels

Кога зборуваме за swivel-ирање во танцот, мислиме на движењето на петите. Најлесниот начин да се разбере ова е со следнава вежба…

  • Стапни на левото стапало, целата тежина треба да биде на левото стапало
  • Во овој момент велиме дека левата нога е стоечка нога
  • Не е битно што прави десното стапало, можеш да го кренеш во воздух за вежбава
  • Земи да се вртиш на десно со телото, на пример ако гледаш према предниот ѕид, сврти се да го видиш десниот зид…

Тоа е тоа… само што направи четвртина swivel на десно 🙂 За да го свртиш телото 1/4 на десно, и твоето стапало, односно пета, мораа да се свртат на лево. Значи само што направи swivel.

Ако стоиш на левото стапало, и петата ти се врти на лево, тоа го викаме outside swivel… Зашто? Бидејќи петата оди нанадвор од стапалото.

(Наскоро) Видео преглед од објаснувањево
Scroll to Top