Starter пакет

Нови групи за танц за возрасни се формираат само еднаш во годината, а некогаш и поретко од тоа. Но преку целата година има луѓе кои ни пишуваат со желба да научат да танцуваат.
Ваков пакет заменува 1-2 месеци на групни часови
  • Во пакетот добивате 3 индивидуални (one-on-one) часови каде еден инструктор работи само со вас

  • Еден ваков час заменува 3-4 групни часови. Па затоа ваков пакет заменува 1-2 месеци одење на групни часови

     

    • Доколку паралелно одите и на групни часови, со ваквите индивидуални часови ќе добиете екстра внимание, детали и финеси кои е невозможно да се предадат во групна средина
Целта ни беше да го направиме пакетот што попристапен, па затоа има екстремно дарежлива цена и масовен попуст

Со уплата од само 990 денари добивате 3 индивидуални (one-on-one) часови 

(вистинска вредност 2250 денари)
Белешка - овој масовен попуст е предвиден за почетници
  • Доколку сте почетник ќе можете да продолжите да земате пакети за индивидуални часови, со оваа starter цена (330 денари од час), се додека да ја совладате основата на танцувањето.

  • Доколку не сте почетник можно е добиете ваков пакет со Starter попуст – тоа е по избор на инструкторот. Ако не сте почетник најверојатно ќе добиете само еден ваков пакет. Но во основа инструкторот одлучува дали (и колку) стартер пакети ќе понуди на непочетник.
Белешка - ова не се приватни часови

Индивидуалните часови ги смисливме како поисплатлива алтернатива на “приватниот час”. Во овој пакет добивате 3 индивидуални часови, не 3 приватни часови. За разликата и сличноста на овие два типа часови можете да видите тука.

Како се уплаќа за овој пакет?
  • Се плаќа на жиро сметка. Информации за тоа можете да видите тука
  • Плаќате 990 денари и потоа наоѓаме термини што ви одговараат, секако во времиња кога е слободна салата
Scroll to Top