Но, поради цената оваа опција до скоро не беше пристапна за повеќето луѓе. Затоа сега нудиме една опција која е многу попристапна во однос на цената, а тоа е т.н. “one-on-one”, односно “индивидуален” час.
Индивидуалните часови (one-on-one) се поприлично слични на приватните часови, но не се исти. За да ја направиме цената попристапна, има неколку разлики.
Прогресот и сличен. За многу попристапна цена ќе добиете речиси 90% од истите резултати како да земате приватни часови. Освен ако не сте професионален танчер што сака да подобри и усоврши некоја конкретна ситница за одење на светско првенство, немате додатна корист од земање приватен час. Но секако, можете доколку сакате поради приватноста.