Воведен пакет

Нови групи за танц за возрасни се формираат само еднаш во годината, а некогаш и поретко од тоа. Но преку целата година има луѓе кои ни пишуваат со желба да научат да танцуваат.
Ваков пакет менува 1 месец на групни часови
  • Во пакетот добивате 3 one-on-one часови каде еден инструктор работи само со вас

  • Еден ваков час менува 3-4 групни часови. Па со тоа овој пакет менува цел месец одење на групни часови

    • Доколку паралелно одите и на групни часови, со ваквите индивидуални часови ќе добиете екстра внимание, детали и финеси кои е невозможно да се предадат во групна средина
Целта ни беше да го направиме пакетот што попристапен, па затоа има екстремно дарежлива цена и масовен попуст
  • Со уплата од 900 денари добивате 3 one-on-one часови 
    (вистинска вредност 1800 денари)
Доколку не сте почетник, овој пакет можете да го земете само еднаш
  • Воведниот пакет е специјален пакет со масовни попусти за оној кој што сака да се запознае со услугата пред да одлучи дали сака да продолжи во иднина да зема вакви индивидуални часови.

  • Откако ќе ги потрошите трите часа во овој пакет, ако сакате во иднина можете да земате индивидуални часови по нормална цена, или пак да го искористите стандардниот пакет за индивидуални часови. Стандардниот пакет има помал попуст.
Белешка - ова не се приватни часови

Индивидуалните часови ги смисливме како поисплатлива алтернатива на “приватниот час”. Во овој пакет добивате 3 индивидуални часови, не 3 приватни часови. За разликата и сличноста на овие два типа часови можете да видите тука.

Како се уплаќа за овој пакет?
  • Се плаќа на жиро сметка. Информации за тоа можете да видите тука
  • Плаќате 900 денари и потоа наоѓаме термини што ви одговараат, секако во времиња кога е слободна салата
Scroll to Top