Благодариме за учеството на бесплатните часови
Има многу луѓе што сакаат да продолжат да танцуваат, но не сакаат долги и редовни курсеви по танц. Затоа воведовме неколку иновативни опции. Голем дел од овие опции ќе бидат бесплатни. Сите се флексибилни и одговараат на луѓе со модерен животен стил.
Бидејќи знаеме дека многу луѓе имаат аверзија према долги и редовни курсеви по танц, воведовме неколку иновативни опции.
Голем дел од овие опции ќе бидат бесплатни. Сите се флексибилни и одговараат на луѓе со модерен животен стил.
Сега имаш неколку супер-опции
- Целото знаење од курсевите ќе го направиме достапно онлајн. Можеш да учиш по дома, кога и колку ти одговара тебе. Ќе добиеш e-mail кога ќе биде готов сајтот за твоето ниво.
- Ќе се организираат повремено кратки работилници за луѓе од секое ниво. Често ќе бидат бесплатни. Ќе добиваш покана по e-mail кога и да има работилници за твоето ниво.
- Курсевите по танц ги скративме и направивме во форма на ултра-кратки степени од само 6 недели. Сега треба да најдеш само неколку слободни недели за да го совладаш наредното ниво во танцот.
Ти бираш кога и колку
- Ако сакаш да останеш цел живот на ова, воведно ниво, тоа е една од опциите.
- Ако сакаш можеш повремено да одиш на работилници, да учиш од дигитални курсеви и видеа, и да вежбаш по танцови забави. Па така постепено да го креваш нивото. Тоа е друга опција.
- Ако сакаш можеш да земеш еден краток 6-неделен степен сега, па (на пример) година дена да паузираш, па да го земеш следниот 6-неделен степен тогаш.
Има безброј можни комбинации и опции. Зависи што сакаш, и колку брзо сакаш да го добиеш.
*-Курсевите се најбрзиот начин да совладаш некое ниво, а цените се пристапни