Еден курс, две групи

Со почетниот курс што започна во ноември 2019та направивме нешто уникатно. Првата половина од курсот, односно првите 6 часа членовите ја истераа како една група. А за втората половина од курсот (после нова година) се споија со други членови и формираа нова група.

  • Ти формално одиш на курсот за прв степен. Тој курс трае 12 недели.
  • Првите 6 часа, односно сите часови пред нова година ти беа со групата почетници од Ноември. На овие 6 часа ја научивме апсолутната основа на танцот.
  • Со вторите 6 часови, односно втората половина од курсот почнавме после нова година. За овие 6 часа се споивме со членови од други групи и сега сме заедно како нова група (“т.н. група за екстра фигури од прв степен”).
  • Бидејќи до нова година доби одлична основа за танцување од прв степен, сега на овие 6 часа учиме повеќе фигури на истото ниво. Значи ова се екстра фигури и комбинации за прв степен.
  • Овие фигури и комбинации се нови и за луѓето што ни се приклучија, иако тие веќе имаат завршено цел курс за прв степен од претходно. Ги немаат учено овие фигури и комбинации. Затоа и можеа да ни се приклучат, иако ние уште работиме курс за прв степен. Тоа што го работиме како група е соодветно за сите.
  • Часовите на твојата лична страна се однесуваат на оваа поголема споена група што започна после нова година. Затоа часот после нова година е пишан како прв час, иако тебе ти е седми час во курсот.
Scroll to Top