– Смеете да земете повеќе пакети одеднаш. На пример можете да уплатите за 2 пакети одеднаш (10×429). доколку ви е така полесно.
— Немаме опција за слободен избор при оваа цена, на пример не може да се земе пакет со 7 часа по оваа цена. Можете да земете 5 часа (1 пакет), или 10 часа (2 пакети одеднаш), или 15 часа (3 пакети одеднаш), итн…
– Индивидуалните часови се купуваат во пакет од по 5 часа
– Часовите не истекуваат и може да се искористат по договор
(Зависно од слободни термини и инструктори)
Доколку танцувате за рекреација, ќе можете да продолжите да земате пакети за индивидуални часови, со оваа редовна цена (429 денари од час), се додека да стигнете до повисоките нивоа во танцот.
*- За тие што работат танц на повисоко ниво, на пример најпредните нивоа на танцот, се спремаат за натпревар итн – единствена опција се приватните часови, а тие имаат повисока цена. Повеќе за разликите има тука.
Белешка:
Во моментов работиме само мал број на индивидуални часови и тие се одржуваат во приватна форма. Тоа значи дека иако плаќате за индивидуален час добивате нешто слично на приватен час. Повеќе за разликите има тука.
One-on-one пакетите ги измисливме за побрзо учење на друштвеното ниво во танцот. Ова ниво на танцот може да го предаваат и инструктори од средно ниво, па затоа редовната цена за индивидуалните часови е многу попристапна.
Досега единствениот начин да учите професионални и понапредни работи беше земањето приватни часови, но сега имаме и опција “Pro-level индивидуални часови”. Повеќе за тоа тука.