Редовната цена за индивидуалните часови е многу пониска од онаа за приватните часови. Ова е затоа што повеќето што земаат вакви часови се на почетно или средно ниво.
Со земањето на редовен пакет за индивидуални часови добивате мешавина на инструктори од повисоко ниво и инструктори од средно ниво.
Затоа сега имаме уште една опција. А тоа се pro-level индивидуални часови. Цената е повисока од редовните пакети, но сеуште многу попристапна од приватните часови.
Редовни One-on-one Часови | Pro-level One-on-ones | |
---|---|---|
Цена | 429 денари од час. При земање пакет со 5 часа. | 629 денари од час. При земање пакет со 5 часа. |
Достапност | Висока. Кога и да има празни термини во просторијата, може да се закажат вакви часови без проблем. | Ниска. Ваквите пакети се по договор и достапни се само доколку инструкторите на повисоко ниво не се зафатени со приватни часови.* |
*- Поради ова, pro-level пакетите се по покана. Односно самиот инструктор ќе ви предложи ваков пакет доколку стигнете на повисоко ниво во танцот, а тој е во можност да се нафати на пакет со индивидуални часови за напреден материјал. Ако инструкторот е презафатен со приватни часови, нема да може да ви понуди ваква опција.
Pro-level One-on-ones | Приватни часови | |
---|---|---|
Специјализиран Материјал | Не. На индивидуалните часови инструкторот го бира материјалот и креира план за оптимална прогресија. Тој план вклучува мешавина на танци и мешан материјал. | Доколку имате специјални барања, на пример сакате да учите еден конкретен танц, или да усовршите едно конкретно специјално движење или финеса во одреден танц, ќе треба да земете приватен час. |