Почнуваме веднаш по завршувањето на бесплатниот мини-курс (степен 0). Во моментов има 3 групи кои го привршуваат бесплатниот курс следнава недела.
Штом заврши бесплатниот курс, веднаш потоа (прекуследната недела), си продолжуваме со степен 1. Иако имаме 3 групи за мини-курсот, нема сите да продолжат со степен 1, па ќе имаме 1-2 групи што почнуваат со степен 1 следната недела.
Засега е сигурно дека ќе има група вторник од 20:30 часот. Таа група почнува со прв степен на 6ти Јули, вторник од 20:30 часот.
Ако за бесплатниот курс одевте на друг ден, за да продолжите со прв степен ќе треба доаѓате вторници од 20:30 часот.
Белешка: За редовните курсеви го ограничуваме бројот луѓе. Доколку има премногу заинтересирани луѓе за степен 1, нема да влезат сите во група вторник. Доколку има доволно луѓе за правење втора група, ќе формираме и група среда. Сепак, шансите за тоа се помали. Ако сте сигурни за почнување со прв степен, планирајте си дека ќе влезете во група вторник. Само информирајте не на време за да ви чуваме место.
За жал овие групи што ги формираме сега се најверојатно последни за оваа возраст за некое време. Па нема да има групи за оваа возраст што почнуваат кога ќе се вратите од одмор.
Но, добрата вест е дека има повеќе групи што стартуваат сега. Значи има голем број луѓе на ваша возраст што го почнуваат степенот сега.
Тоа значи дека кога ќе се вратите ќе можете да продолжите и го довршите остатокот од степенот. Можеби со различна група.
Или пак можеби дури и истата група со која сте почнале. Ако има доста луѓе во вашата група што одат на одмор тие недели, целата група ќе паузира во исто време, и ќе си продолжите заедно.
Подетално за тоа како ќе го изведеме тоа, можете да дознаете тука. Имаме повеќе начини да го искористите целиот уплатен степен дури и да имате прекин поради одмор.
Кога се пријавувате за бесплатниот-мини курс има прашање дали сакате да резервирате место и за редовниот курс (степен 1).
Тие што резервираа место на овој начин имаат приоритет и сигурно ќе добијат место во една од групите што почнуваат веднаш по завршувањето на бесплатниот курс (степен 0).
Бројот на групи за прв степен го формираме според тие што однапред резервираа место. Затоа засега планираме да имаме 1 група.
Таа една група е 50% формирана, односно веќе има луѓе што резервирале место за неа. Од луѓето што ќе завршат мини-курс секогаш има број луѓе што сакаат да почнат со прв степен веднаш. Значи 100% сигурно ќе ја имаме таа една група.
Бидејќи имаме 3 групи за мини-курсот, плус луѓе што чекаат ваков курс од порано, можно е да има доволно заинтересирани да имаме 2 групи за првиот степен уште сега. Но можно е за малце да ни фалат луѓе и да нема втора група. Во тој случај ќе можете да почнете ако сте меѓу првите 15 резервации (прва група).
Но, има (мала шанса) да формираме уште една група на крајот на летото или почетокот на септември. Информирајте не ако сте заинтересирани за оваа опција да знаеме ако има доволно луѓе.
Значи корисно е да пројавите интерес за прв степен уште сега, зашто во најмала рака ќе ви следува едно од првите места кога во иднина се формира курс за прв степен. Само спомнете дека сакате и можете после одморот и кога е тоа (на пример септември). Ако има доволно луѓе за таква група, ќе ве информираме. Ако не, ќе ве информираме во иднина кога и да има, за да можете да земете едно од првите места.
Речиси никој не успева да дојде на сите 12 термини, тоа е нормално. Се случуваат работи и нормално е некогаш да испуштиш час од оправдани причини.
Ние тоа го имаме во предвид и системот е испланиран така да не прави разлика ако пропуштиш по некој час тука или таму.
Ние ги планираме часовите и што се предава или повторува на кој час зависно од тоа кои луѓе го пропуштиле претходниот час и кои луѓе се присутни на часот тој ден.
Курсот е дизајниран за луѓе што танцуваат првпат во животот и планираат да одат редовно на сите часови. Но не е страшно ако понекогаш испуштат час.
Брзината е темпирана за да часовите им бидат идеални на тие што се најредовни. Но ако некој пропушти 1 час, нема да им направи голема разлика ако се инаку редовни.
Ако некој ги пропушти пола од часовите на курсот… тоа е веќе поголем проблем… ќе има чуство дека танцот е напорна работа или дека курсот е “тежок”.
Може дури да се случи да донесе грешен заклучок дека “танцот мене не ми лежи, не е ова за мене”. Но тоа им се случува зашто пропуштиле премногу часови.
Слично се случува ако некој пропушти 3-4 часови по ред… Дури и да ги фати сите други часови на курсот, пак ќе биде проблем.
Ако не информираш кога ќе пропуштиш час, ние ќе го оптимизираме следниот час така што ќе ти биде едвај 10% потежок отколку нормално. Ќе треба да се концентрираш малку повеќе, но веќе од прекуследниот час пак ќе се вратиш во нормала.
Речиси никој не успева да дојде на сите 12 термини, тоа е нормално. Се случуваат работи и нормално е некогаш да испуштиш час од оправдани причини.
Ние тоа го имаме во предвид и системот е испланиран така да не прави разлика ако пропуштиш по некој час тука или таму.
Ние ги планираме часовите и што се предава или повторува на кој час зависно од тоа кои луѓе го пропуштиле претходниот час и кои луѓе се присутни на часот тој ден.
Курсот е дизајниран за луѓе што танцуваат првпат во животот и планираат да одат редовно на сите часови. Но не е страшно ако понекогаш испуштат час.
Брзината е темпирана за да часовите им бидат идеални на тие што се најредовни. Но ако некој пропушти 1 час, нема да им направи голема разлика ако се инаку редовни.
Ако некој ги пропушти пола од часовите на курсот… тоа е веќе поголем проблем… ќе има чуство дека танцот е напорна работа или дека курсот е “тежок”.
Може дури да се случи да донесе грешен заклучок дека “танцот мене не ми лежи, не е ова за мене”. Но тоа им се случува зашто пропуштиле премногу часови.
Слично се случува ако некој пропушти 3-4 часови по ред… Дури и да ги фати сите други часови на курсот, пак ќе биде проблем.
Ако не информираш кога ќе пропуштиш час, ќе можеш да го земеш истиот час со друга група. Ако не успее таа опција, пак не е проблем што имаш испуштено 1 час. Ние ќе го оптимизираме следниот час така што ќе ти биде едвај 10% потежок отколку нормално. Ќе треба да се концентрираш малку повеќе, но веќе од прекуследниот час пак ќе се вратиш во нормала.
Не е проблем затоа што секогаш имаме повеќе идентични групи што го учат истото. Ако си во група сабота (на пример) и пропуштиш поради смена, само ќе дојдеш и ќе надоместиш во група среда (пример).
*-Ова е само пример, не гарантираме дека ови две групи/термини во примерот погоре, се баш тие термини што ќе останат за редовниот курс.
А што ако се случи да пропуштиш и на едниот на другиот ден? Пак не е проблем. Курсот е така дизајниран што одиме од претпоставка дека нема човек да успее да ги фати сите 12 термини.
Затоа на секој час се повторува за тие што пропуштиле минатиот пат. Секогаш има некој, и тоа е дел од планот за работа.
А во “најлош” случај, ако испуштиш доста часови поради оправдани причини, членарината не ти пропаѓа. Можеш да го земеш истиот курс (односно степен 1) во иднина кога пак ќе се формираат вакви групи, без да плаќаш пак. Не наплаќаме како други школи за календарски месец, туку за курс. Ако не искористиш сега, ти останува за во иднина (нормално ако најавите на време, и не искористите поради оправдани причини). Повеќе за тоа тука.
Не е проблем затоа што повремено формираме викенд групи баш поради ова. Многу луѓе можат само викенди.
Само спомнете дека сте заинтересирани за викенд група и ќе ве запишеме на таа листа. Кога листата ќе биде доволно голема, ќе формираме викенд група.
Во моментов не планираме да имаме викенд група сега (после овој мини-курс), но ќе има во иднина. Најбитното е да комуницираме. Пишете ни ако сте во ваква ситуација, значи навистина сакате да го земете курсот, но не сте сигурни зашто само викенд можете да бидете редовни. Пишете ни, ќе се договориме.
Курсот за “степен 1” е курс од 12 недели (околу 3 месеци). Тоа значи дека ќе добиете 24 часа. Тоа е отприлика бројот на часови кој е потребен да се совлада еден степен во танцот.
Имате 2 часа неделно, но доаѓате само еднаш. Двата часа се на истиот ден. Исто како воведот, исто како мини-курсот. Имаме еден час од 40 минути, кратка пауза, па уште еден час.
Овој систем е идеален заради флексибилноста и многу подобар од застарениот систем во кој часовите се на различен ден (во тој систем треба да одите два пати неделно).
Кај нас и двата часа се на истиот ден бидејќи тоа овозможува поголема редовност и прогрес. А и многу е полесно е да се надомести термин ако испуштите.
Цената зависи од начинот на плаќање. За тие што се решени да го земат целото почетно ниво (12 недели) има доста голем попуст.
За тие што се решени дека “немаат време” се плаќа по редовната цена за уплаќање на степен (6 недели).
Не заборавајте дека членарината не ви пропаѓа ако имате прекин, можете да го довршите уплатениот курс и во иднина. Повеќе за тоа има тука.
Значи ако уплатите за сите 12 недели, но не ги искористите, ќе ви останат за во иднина (не се губат).
Речиси сите уплаќаат за курсот уште пред да почне, односно прават уплата до денот на почнување на курсот.
Може да се плати и откако ќе почнете со курсот, но не заборавајте дека тие што плаќаат унапред имаат приоритет во делењето на места и термини.
За повеќе информации за сите и цени и попусти, можете да видите во ценовникот тука. Понекогаш имаме екстра попусти за посебни ситуации, само прашајте дали има попуст, и ќе ви одговориме.
Се уплаќа на жиросметка. Податоците за тоа се тука. Можете да уплатите преку e-banking или со уплатница.
Резервирањето места оди по електронски пат. За да се пријавиш, само контактирај не преку Фејсбук страницата. Тоа можеш да го направиш преку Messenger тука. Или со притискање на chat иконата доле десно.