Најчесто поставувани прашања и одговори за почнување со курсот

На оваа страна се наоѓаат одговорите за најчесто поставуваните прашања и речиси се што може да ти притреба да знаеш за учество на нашите еднодневни воведи по танц.

Белешка за девојките

Доколку има било какви промени со резервацијата, на пример не можеш да стигнеш на воведот - информирај не за да го ослободиме местото. Веќе има поголем број девојки кои се на листа за чекање. Да бидеме фер према нив, затоа што чекаат место.

За Првиот Час

Што треба да облечам?

Во студијата каде што ги одржуваме часовите, се пази доста за хигиената на подот. 

– Ќе требаме да носиме посебно (чисти) обувки.

– Ако некој навистина нема посебен пар за вежбање (и не може да најде стар пар), не е задолжително, а ќе имаат како да се зачистат пред влегување.

– Но ќе пробаме сите да вежбаме со посебни обувки, не со истите обувки со кои доаѓаме од надвор.

Во однос на алишта – нема правило. На еднодневните воведи некои доаѓаат поспортски облечени, некои доаѓаат подотерани.

А ако во иднина се запишеш на некој од нашите курсеви, таму се облекуваме секогаш поспортски.

На тие курсеви некои луѓе доаѓаат по комфорни панталони, некои се облечени баш како за спортски тренинг. Единствено не одговара облека како за излегување во град.

Не е дека не се дотеруваме и ние. Но тоа го правиме кога ќе излеземе во град да танцуваме на забава, не на курсевите за учење танц.

За еднодневните воведи, сепак е различно. Бидејќи воведите се обично навечер во петок или сабота, има повеќе дотерани луѓе, затоа што после воведот одат директно во град.

Јас имам две леви нозе, треба ли нешто да направам да се спремам?​

Апсолутно ништо, опушти се 🙂 Првиот час е за апсолутен почетник што не пробал никогаш ништо во животот.

Тие што пробале некогаш порано танц или имаат “талент” може дури и да се чудат на часот, односно да им се чини премногу едноставен и лесен.

Ова е затоа што првиот час е дизајниран ако никогаш во животот немаш пробано ништо и не ти одат вакви работи “природно”.

Дури и тој со две леви нозе лесно ќе научи да игра на ритам веќе на првиот часот. А до крајот на курсот ќе игра повеќе танци со самодоверба.

Затоа и ги замолуваме тие со претходно искуство да не се пријавуваат за овој вовед, бидејќи е за апсолутни почетници.

Доколку имаш претходно искуство со танц, информирај не. Ќе може да почнеш директно вона курс за повисок степен. Или ако треба ќе може да комбинираш повисок степен со почетниот курс.

Можете да ми помогнете за локацијата?​

Воведите што се одржуваат овој период се одржуваат во Студио Брејкалег. 

Тоа е на само неколку минути пешки од Нова Железничка. 

За подетална помош, можеш да ги погледнеш овие страници:

– Ако доаѓаш пешки (кликни тука)
– Ако доаѓаш со автомобил (кликни тука)

Како можам да се пријавам?

Пријавувањето оди по електронски пат. За да се пријавиш, само пиши ни порака на Фејсбук страницата со шифра “Вовед по танц.” Тоа можеш да го направиш преку Messenger тука.

Scroll to Top