Локација:
Студио Break a leg

Во моментов немаме никакви настани или случувања на оваа локација. Ако ја гледате оваа страна, најверојатно сте отвориле линк од некој стар оглас или стара информација. Сите настани за нови луѓе во моментот ни се одвиваат во нашата главна сала. Да видите за локацијата на главната сала кликнете тука.

Локација: Studio Break a leg

Една од главните локации на која држиме часови е новото студио на Break a legСе наоѓа веднаш до Нова Железничка.

Ако сакаш можеш да ја погледнеш локацијата на google map за да откриеш каде се наоѓа. Доколку се снаоѓаш со мапи, ќе можеш да испланираш како да ја најдеш локацијата на тој начин.

Подоле следува опис со пример за тоа како може да се дојде до локацијата. 

Познати објекти близу студиото:

– Ноќен клуб Mistique (на 20 метри)
– Ресторан Кажи ми, Кажи ми (на 40-50 метри)
– SportLife кладилница со масовен билборд (залепено до ресторан кажи ми, кажи ми)

Доколку ја бараш локацијата за прв пат, ќе можеш да прашаш луѓе каде се наоѓаат овие објекти, па од таму лесно ќе успееш да го најдеш и студиото.

* Локацијата за ресторанот ја знаат луѓето и како “поранешно деспина”

Пример за доаѓање до локацијата со автомобил

1) Ако доаѓаш со автомобил од центар, ја поминуваш нова железничка

2) Возиш по булеварот додека да ги поминеш сите згради во линија на ТЦ скопјанка…. 

3) Од тука можеш да свртиш десно накај основното Блаже Коневски. (види на мапата)

4) Сврти десно од школото и тука се наоѓа парк Мичурин(види на мапата)

5) Продолжуваш право накај големиот знак за “SportLife” кладиница. Тука се наоѓаат споени кладилницата и ресторан “Кажи Ми, Кажи ми“.

6) Потоа возиш право 10 метри додека да стигнеш до ноќниот клуб Mistique.

7) Продолжуваш 10-20 метри подоле додека да стигнеш до еден голем паркинг. Студиото гледа према овој паркинг простор. Не може да се утне, целиот излог е црн, со слики од танчери.

Ова е само една замислена рута и пример за некој што доаѓа со автомобил од центар. Можеш да најдеш и други начини да дојдеш до студиото. Ако знаеш како да најдеш било која од локацииве погоре, води се според таа локација, па до следната, па до club mistique, и со тоа ќе го најдеш студиото.

Ако доаѓаш пешки од центар има скришно патче

1) Можеш да дојдеш до Транспортен Центар. Тоа е она каде што има паркирано голем број автобуси на ЈСП, под Нова Железничка.

2) Лево од билетарите на ЈСП ќе видиш еден Маалски кош за кошарка, а покрај него патче. Еве и слика од тој момент. Не може да се утне. Има само еден маалски кош што се гледа од кај автобусите.

3) Само одиш по тоа патче додека да стигнеш до првата зграда. Не може да се утне студиото бидејќи е на приземје и целиот излог е црн и со слики од танчери како танцуваат.

Ова е само еден начин на кој кратат некои луѓе кои доаѓаат до студиото пешки од нова железничка. За само 2 минути можеш да стигнеш од под нова железничка до студиото.

Ова патче не е асфалтирано и го користат луѓе само кога е добро времето. Инаку би оделе преку населбата, од кај парк мичурин. 

Доволно е да го најдеш студиото еднаш. Или користејќи го ова патче, или со помош на објектите опишани погоре. Па за понатаму ќе си откриеш повеќе рути како да доаѓаш.

Scroll to Top