Локација: Главна Сала

Белешка: Доколку ве интересира кои мерки се следат во салата, за тоа можете да видите најдоле на странава. А ако сакате можете да го погледнете и правилникот за посетители.
  • Салата се наоѓа после Нова Железничка. Еве ја локацијата и на google maps*. Просторот е особено лесно да се најде и обиколен со паркинг места.

  • Ние сме во истиот објект со познатото Вучко и кафулето Enjoy. Спроти нас, на 10 метри е големиот DISCOUNT Tinex, а 10 метри подоле е Hotel Porta.
  • Под нас се наоѓа кафулето Enjoy. Тие се прв спрат, а ние сме втор спрат. Но ние имаме посебен влез. 

  • Нашиот влез гледа очи-во-очи према влезот на DISCOUNT Tinex

  • Ако сакате подетално за наоѓање, само изберете некое од упатствата подоле (под сликата од салата)

Белешка: Во салата се следат протоколите наменети за танцови групи. Тоа значи дека има пауза помеѓу било која посета* на салата за проветрување и комплетно дезинфицирање на просторот.

Салата е опремена со специјален систем за вентилација (како што се бара според протоколите* за танцови групи), а самата сала е речиси целата од сите страни со големи прозори, па доколку побарате може да се работи и со отворени прозори.

*Протоколите се наменети за танцови групи, но ние одиме чекор подалеку. Воопшто не работат било какви групи во салата, и работиме само намален број на приватни (индивидуални) часови – а пак со истите мерки. Значи во салата има пауза меѓу секоја посета, со комплетно проветрување и дезинфицирање.

Scroll to Top