Најчести прашања за еднодневните воведи по танц

Белешка за девојките

Доколку има било какви промени и не можеш да стигнеш на воведот - информирај не. Женските места секогаш се преполнуваат премногу брзо, и потоа настанува листа за чекање. На таа листа има девојки кои чекаат да се ослободи место за да дојдат наместо таа што откажала место. Значи ако не можеш да стигнеш, информирај не на време да го дадеме местото на друга.

Општо

Што треба да облечам?​

Во однос на алишта – нема правило. На еднодневните воведи некои доаѓаат покомфорно облечени, некои доаѓаат подотерани.

Истото е случај и доколку се запишете на редовните курсеви. Нема правило за облеката и тоа е индивидуално.

Што е разликата меѓу воведот во танц и почетниот курс за танц?

Ако првиот час на почетниот курс е час број 1, воведов е нешто како час нула. Се учи апсолутна основа за некој што не пробал никогаш ништо.

За тие што се регистрирани за курс по танц, претходно одење на бесплатен вовед е супер начин да се спремиш за курсот.

Главната разлика е во тоа што на курсот имаме оптимална бројка на луѓе кои се идеално распределени во просторијата. Додека на воведот бројката и распоредот на луѓето не се идеални.

Групата за курс се формира 3-5 недели пред да почне курсот – за да осигураме совршена бројка и тип на луѓе за одвивање на продуктивен курс.

На курсот имаме добар сооднос мажи-жени и со курсот почнуваме само кога има доволно мажи, односно партнери за сите жени.

Така жените на курсот не мораат да чекаат на ред да играат со партнер. Додека на воведот обично има помалку мажи. Но бидејќи на воведот се учи само апсолутна основа, тоа не е проблем.

Јас имам две леви нозе, треба ли нешто да направам да се спремам?​​

Апсолутно ништо, опуштете се 🙂 Воведот е за апсолутен почетник што не пробал никогаш ништо во животот.

Тие што пробале некогаш порано танц или слични активности може дури и да се чудат на часот, односно да им се чини премногу едноставен и лесен.

Ова е затоа што воведот е дизајниран за тебе ако никогаш во животот немаш пробано ништо и не ти одат вакви работи “природно”.

Дури и тој со две леви нозе лесно ќе научи да игра на ритам веќе до крајот на воведот. Плус ќе има одлична основа ако сака нешто повеќе во иднина.

Но, дури и да имате претходно искуство, пак ќе ви биде интересно. Сепак воведот е дизајниран да има многу интересни работи, а повеќето ќе бидат нови за вас дури и да имате танцувано и порано.

Можете да ми помогнете за локацијата?

Воведите што се одржуваат овој период се одржуваат во главната сала. Тоа е на само 2 автобуски станици од Нова Железничка. 

За подетална помош, можете да ја погледнете оваа страница. Има опис за наоѓање на локацијата и слики за лесно препознавање.

Scroll to Top