Најчести прашања за бесплатниот воведен час

Белешка за девојките

Доколку има било какви промени и не можеш да стигнеш на воведот - информирај не. Женските места секогаш се преполнуваат премногу брзо, и потоа настанува листа за чекање. На таа листа има девојки кои чекаат да се ослободи место за да дојдат наместо таа што откажала место. Значи ако не можеш да стигнеш, информирај не на време да го дадеме местото на друга.

Општо

Што е разликата меѓу ваков индивидуален час и курсевите по танц?

Ова е индивидуален час каде добивате еден инструктор само за вас.

Со ваков час, за еден саат ќе научите повеќе отколку 3-4 недели на групни часови по танц.

Јас имам две леви нозе, треба ли нешто да направам да се спремам?​​

Апсолутно ништо, опуштете се 🙂 Ќе добиете инструктор специјализиран во вашето ниво.

Ваквиот воведен час најчесто го земаат луѓе со нула претходно искуство или талент.

Но, дури и да имате претходно искуство, пак ќе ви биде интересно. Сепак ќе добиете личен инструктор соодветен на вашето ниво, и за 1 саат ќе научите повеќе отколку 1 месец на групни часови.

Можете да ми помогнете за локацијата?

Воведите што се одржуваат овој период се одржуваат во главната сала. Тоа е на само 2 автобуски станици од Нова Железничка. 

За подетална помош, можете да ја погледнете оваа страница. Има опис за наоѓање на локацијата и слики за лесно препознавање.

Scroll to Top