Твојата регистрација е примена

Некој од нашиот тим ќе ја прегледа твојата регистрација во најбрз можен рок и ќе ти пише во врска со резервацијата. Во меѓувреме пожелно е да го прочиташ пејџов и информациите подоле за се што може да те интересира.

Кога ќе почне курсот?

– Курсот ќе започне штом формираме група со добар сооднос на машки и женски. Женските места ќе се преполнат многу брзо, но ќе чекаме да се пријават доволно машки. 

– За да ги дополниме местата ќе ни требаат од 2-6 недели. Штом ги пополниме местата ќе добиеш порака на messenger со официјалниот датум за старт.

– Во меѓувреме можеш да ја прочиташ странава подоле со најчестите прашања и одговори пред почетокот на овој курс. Ако имаш други прашања, извести не преку messenger.

Дали треба да носам партнер/ка. Со кого ќе играме? Како иде сето тоа?

Јас имам две леви нозе, треба ли нешто да правам за да се спремам?

Јас не сум апсолутен почетник, дали треба да одам на овој курс или како? ​

Има ли нешто друго што треба да знам пред да почнеме со курсов?​

Имај предвид дека локациите на кои работиме внимаваат многу на хигиената на подот.

Многу често пред или после нашите часови тренираат професионалци кои се спремаат за настапи и слично па им треба чист под.

Затоа планирај (ако можеш и имаш) да си спремиш посебен бар чисти обувки за вежбање на часов.

Значи пробуваме да не играме со истите обувки со кои доаѓаме од надвор.

Како оди за плаќањето? Кога се плаќа, колку се плаќа итн...

Може ли помош за локацијата?

Почетниот курс кој што стартува сега се одржува во Студио Брејкалег.

Тоа е на само неколку минути пешки од Нова Железничка.

За подетална помош, можеш да ги погледнеш овие страници:

– Ако доаѓаш пешки (кликни тука)

– Ако доаѓаш со автомобил (кликни тука)

Scroll to Top