Пакет за возрасни

Нови групи за танц за возрасни се формираат само еднаш во годината, а некогаш и поретко од тоа. Но преку целата година има луѓе кои ни пишуваат со желба да научат да танцуваат.

За да не морате да чекате нова група некогаш во иднина, смисливме специјална опција со која за само 3 часа можете да замените цел месец на курсеви по танц
  1. Во пакетот добивате 3 one-on-one часови каде еден инструктор работи само со вас

  2. Еден ваков час менува 3-4 групни часови. Па со тоа овој пакет менува цел месец одење на почетни курсеви по танц.
Дали е овој пакет за вас?
  • Овој пакет е идеален ако сакате да се приклучите на постоечка група за возрасни. Индивидуалните часови се единствен начин да ја стигнете за кратко време.

  • Пакетов е идеален и за зафатени луѓе кои немаат време да одат на групни часови со фиксен распоред. Значи индивидуалните часови може да се користат и како зaмeнa за курсевите по танц.
Целта ни беше да го направиме пакетот што попристапен, па затоа има екстремно дарежлива цена и масовен попуст
  • Со уплата од 900 денари добивате 3 one-on-one часови
    (вистинска вредност 1800 денари)
Белешка за цените (овој пакет доаѓа со масовен попуст)

Овој специјален пакет со масовни попусти го смисливме специјално за почетници во танцот. Доколку го надминете и совладате почетното ниво, цените за вакви часови се повисоки.

Како се уплаќа за специјалниот пакет?
  • Се плаќа на жиро сметка. Информации за тоа можете да видите тука
  • Плаќате 900 денари и потоа наоѓаме термини што ви одговараат, секако во времиња кога е слободна салата
Scroll to Top