Последна Промоција

Кога се формираат нови групи на нова локација нудиме попусти со екстремен попуст, како подарок за основачките членови на групите. 

Моменталната Промоција | 33% попуст на членарина +1 месец гратис
  1. Сега имаме специјален пакет со кој сакаме да ги наградиме оние што се основачи на групата, но немаа можност да земат од поголемите пакети со поголем број месеци.

  2. Нормална цена за часови по танц за деца е 1200 денари месечно. Но, доколку го земете овој пакет, одењето на часови вас ќе ве фати 800 денари од месец.

Понудата е:

  • Плаќате 2 месеци по оваа пониска спуштена цена од 800 денари /месец
  • Го осигурувате овој попуст се до крајот на 2021 година
    • Не само што ќе направите голема заштеда сега, туку и во иднина
  • Бонус: Добивате +1 месец гратис од нас

Значи за уплата од само 1600 денари добивате 3 месеци, плус во ваше име е заклучен особено дарежлив попуст од 33% за секој нареден месец до 2021ва. Ако ја земете предвид и бесплатната проба, тоа значи дека за цена од 1600 денари добивте речиси 4 месеци. Тоа му доаѓа како да сте платиле 400 денари од месец.

Пакетите со поголем број месеци се истечени
Доколку имате слушнато за нашите супер-дарежливи пакети со голем број гратис месеци, имајте предвид дека сите тие промоции истекоа. Не продолжуваме рокови за специјални промоции.
Белешка за термините
  • (Ова е за во иднина, за некој месец или дури година од сега)

    Кога ќе се формираат повеќе групи за оваа возраст, еден од термините за вашата група ќе биде преместен во викенд. Па така двата главни термини за групата официјално ќе станат среда и сабота. Ова ќе овозможи повеќе комфор и флексибилност.

  • Бидејќи ќе можете да комбинирате часови од различни групи, ќе можете пак да користите комбинација со два работни дена во истото време (ако ви одговара повеќе така).

  • Но имајте предвид дека е ова за некаде во иднина, ако се прават нови групи. Засега термините се тие во кои што одите моментално.
Кога се плаќа?
  • Ако сакате да земете пакет што содржи гратис месеци, за тој може да се уплати само додека трае промоцијата. Не продолжуваме рокови за специјални промоции.
Најчести прашања за специјалниот основачки пакет
Како се уплаќа за специјалниот пакет?
  • Се плаќа на жиро сметка. Информации за тоа можете да видите тука
  • Плаќате 1600 денари за 2 месеци танц, и добивате трет месец гратис

Белешка: Да нема забуна. Нормалната цена за месец танц е 1200 денари, не 800 денари. Во пакетов плаќате за 2 месеци со попуст, и плус добивате трет месец гратис.

Промоција за оваа недела | 2+4 месеци гратис
До вторник, 10ти септември

Склопивме специјален пакет со кој нема да мора да се грижите за плаќање часови дури до некаде пролет 2020та. Тоа е зашто уплаќате 2 месеци, а добивате плус 4 месеци гратис.

Значи плаќате еднаш, и дететото може да оди на часови по танц, неограничено, шест месеци. Со начинот на кој што е склопен овој пакет, ќе ве фати 333-400 денари од месец.

Имајте предвид дека ќе имаме промоција и следната недела
  • Доколку вашето дете сеуште не е сигурно дали ќе сака да продолжи, или не сте сигурни за понудава погоре, почекајте зашто следната недела ќе се активира последниот промотивен пакет.

  • Секако со помал број на гратис месеци. Но ќе имате повеќе време да одлучите дали сакате да продолжите.

  • Штом истече тој промотивен пакет, после тоа ќе постои само месечна опција. Односно плаќање месец за месец.
Белешка за термините
  • Не можеме да гарантираме дека вашиот термин ќе постои за 6 месеци од сега без никакви промени.
  • Можно е да направиме промена каде еден од двата дена го преместуваме да се работи во викенд. На пример ако моментално одите на часови вторник и четврток, може да направиме промена каде групата ќе оди вторник и сабота (на пример).
  • Имајте предвид дека смеете да комбинирате групи. На пример ако има две групи за вашата возраст, можете првиот ден за неделата да го земете во едната група, а другиот ден во другата група. Така да мали се шансите да нема комбинација што не ви одговара.
Кога се плаќа?
  • Ако сакате да земете пакет со голем број гратис месеци, за тој може да се уплати само додека трае промоцијата. Не продолжуваме рокови за специјални промоции.
Најчести прашања за специјалниот основачки пакет
Како се уплаќа за специјалниот пакет?
Ако уплаќате за дете од 7 години нагоре
  • Плаќате 2400 денари, а добивате 6 месеци неограничено одење на часови по танц.
  • Имајте предвид дека штом почнат да одат редовно, децата на оваа возраст ќе имаат 2 (+1) часови во неделата (значи +1 опционален час преку викенд).
Ако уплаќате за деца под 7 години
  • Плаќате 2000 денари, а добивате 6 месеци неограничено одење на часови по танц.
  • Децата на оваа возраст имаат само 2 часа во неделата, односно го немаат тој трет бонус опционален час преку викенди.
Scroll to Top