Бесплатна проба

Овде ги имате сите одговори за бесплатната проба на часовите по танц за деца и што се случува после тоа доколку се решите да продолжите со часови редовно.
Што ако се решиме да продолжиме со редовни часови? Која е цената?

Стандардната цена за плаќање месец-за-месец е 1300 денари, но кога се формира нова група имаме специјални (основачки) попусти и пакети со кои цената од месец е многу пониска.

Бидејќи локацијата е нова, барем некое време членарината ќе биде само 800 денари месечно.

– Евентуално и постепено цената ќе порасне до “нормална цена” за вакви часови, а тоа е 1000 денари месечно. Значи ако ни се приклучите и почнете со редовни часови некогаш во иднина, тоа би било по повисока, односно “нормална” цена

– Сите што ќе се зачленат додека цената е промотивна (односно 800 денари) ќе ја задржат таа цена и за понатаму. Дури и откако ќе пораснат цените за нови членови, вие ќе ја плаќате оваа пониска цена (се додека сте активен член).

Кога се плаќа?
  • Ако сакате да продолжите со редовни часови по истекот на бесплатната проба, ќе треба да направите уплата пред првиот “платен час”.

    • На пример ако последниот бесплатен час ви се паѓа насред недела и сакате да продолжите со часови, пожелно е да си уплатите уште веднаш за да можете да дојдете веќе следниот час без паузи.

  • Ако сакате да земете пакет со голем број гратис месеци, за тој може да се уплати само додека трае промоцијата. Не продолжуваме рокови за специјални промоции.
Моментални промоции

Во моментов оди нашата последна промоција пред да прекинеме со сите промоции. Веќе имавме неколку екстремно дарежливи опции со голем број гратис месеци.

  • Ако ги испуштивте најдобрите пакети, не се грижете, сега го имаме најлесниот промотивен пакет. Овој пакет има помала цена, а пак е поприлично дарежлив.

  • Да дознаете повеќе, само погледнете тука.
Во моментов имаме понуда специјален "основачки пакет"
Важи до вторник, 10ти септември

Склопивме специјален пакет со кој нема да мора да се грижите за плаќање часови дури до некаде пролет 2020та. Тоа е зашто уплаќате 2 месеци, а добивате плус 4 месеци гратис.

Значи плаќате еднаш, и дететото може да оди на часови по танц, неограничено, шест месеци. Со начинот на кој што е склопен овој пакет, ќе ве фати 333 денари од месец.

Белешка, овој пакет не е за сите:
  • Не можеме да гарантираме дека вашиот термин ќе постои за 6 месеци од сега без никакви промени.

  • Можно е да направиме промена каде еден од двата дена го преместуваме да се работи во викенд. На пример ако моментално одите на часови вторник и четврток, може да направиме промена каде групата ќе оди вторник и сабота (на пример).

  • Имајте предвид дека смеете да комбинирате групи. На пример ако има две групи за вашата возраст, можете првиот ден за неделата да го земете во едната група, а другиот ден во другата група. Така да мали се шансите да нема комбинација што не ви одговара.
Најчести прашања за специјалниот основачки пакет
Како се уплаќа за специјалниот пакет?
Белешка: Да нема забуна. Нормалната цена за месец танц е 1000 денари, не 800 денари. Затоа во пакетов велиме дека за цена од 2 месеци добивате 6. Се однесува на 2 месеци по нормална цена.
Scroll to Top