Кога се формираат нови почетни групи нудиме т.н. “основачки пакети со екстремен попуст, како подарок за основачките членови на групите.
Понудата е:
Значи за уплата од само 1980 денари добивате 3 месец. Ако ја земете предвид и бесплатната проба, тоа значи дека за цена од 1980 денари добивте речиси 4 месеци.
Доколку имате слушнато за нашите супер-дарежливи пакети со голем број гратис месеци или пак за цените што ги имавме претходно, имајте предвид дека сите тие промоции истекоа. Не продолжуваме рокови за специјални промоции.
Цените ќе продолжат да растат се додека да стигнеме до нормалната цена за ваков тип на часови, а тоа е барем 1200 денари од месец. Затоа корисно е да си заклучите попуст во свое име додека сеуште постои.
Ако уплатите 1980 денари ја добивате целата бесплатна проба, плус 3 месеци после пробата, а потоа се до 2021ва ви останува цена од само 990 денари месечно.
Белешка: Да нема забуна. Нормалната цена за месец танц е 1300 денари, не 990 денари. Во пакетов плаќате за 2 месеци со попуст, и плус добивате трет месец гратис.
Склопивме специјален пакет со кој нема да мора да се грижите за плаќање часови дури до некаде пролет 2020та. Тоа е зашто уплаќате 2 месеци, а добивате плус 4 месеци гратис.
Значи плаќате еднаш, и дететото може да оди на часови по танц, неограничено, шест месеци. Со начинот на кој што е склопен овој пакет, ќе ве фати 333-400 денари од месец.