Официјално веќе некое време има протоколи за танцовите студија и групни часови. Но бидејќи протоколите се особено непрактични само неколку танцови клубови пробаа да одржуваат часови на тој начин, и се откажаа.
Ќе продолжиме со работење на групни часови во салата само откога ќе има олеснувања со кои тоа станува практично. А тоа зависи комплетно од владата на РМ.
Белешка: Работиме приватни часови во салата. Тоа е ситуација каде едно дете ја има салата само за себе цел час. Има само мал број на вакви часови во салата, и тие се во сосема различни термини (по договор).
Доколку не можете да ги користите часовите поради физичка причина, на пример детето нема пристап до интернет или бидејќи сте на одмор, само информирајте не до кога ви е паузата, односно од кога можете да продолжите.
Не, воопшто не е проблем! Впрочем тоа и ви го препорачуваме! Наместо да чекате додека да се часовите пак во сала (и членарината ви тече), подобро е да ја користите сега заедно со другите деца кои редовно си работат онлајн, без никаков проблем.
Да! Во моментов имаме подарок бесплатен индивидуален час за тие што не доаѓаа на онлајн часовите. Ова е цел час каде инструкторот работи само со вашето дете. Со еден ваков час може да се надомести дури за 2-5 недели групни часови.
Бидејќи сеуште сте активни членови на клубот, ќе ни треба одговор за следните 2 прашања за да можеме да планираме што и како работиме со групите.
Да! Впрочем им препорачуваме на сите да го искористат. Часот не е врзан со тоа дали продолжувате со доаѓање на групните часови.
Ова е начин на кој сакаме да ви помогнеме да вашето дете не го заборави наученото и да може на лесен и брз начин да се потсети тоа што го има научено и барем делумно да надомести.
Да! Впрочем им препорачуваме на сите да го искористат. Часот не е врзан со тоа дали продолжување со доаѓање на групните часови.
Ова е начин на кој сакаме да ви помогнеме да вашето дете не го заборави наученото и да може на лесен и брз начин да се потсети тоа што го има научено и барем делумно да надомести.