Прашања и одговори на тема редовност

Постојат многу луѓе кои имаат специјален проблем. Тие навистина, навистина го сакаат танцот и сакаат да научат да играат убаво. Но за жал поради животниот стил едноставно не можат да бидат редовни на сите часови.

Нашите курсеви се одвиваат еднаш неделно, затоа што речиси секој може да прави нешто на посветен начин ако е само еднаш неделно. Но сепак, и со тоа некои луѓе пак не можат да стигнат на секој час, односно животниот стил или обврските не им дозволуваат да бидат 100% редовни. А тоа е проблем кога одиме на групни часови по танц.

Групните часови по танц се убава работа и имаат голем број предности

Тие се одлична прилика за да се дружиш и запознаеш со голем број нови пријатели. Некои од нив ќе ти станат пријатели за живот.

Но групниот час има и проблеми. Сите луѓе што доаѓаат на часот се различни. Некои имаат малку повеќе искуство со танц, некои помалку. Некои луѓе имаат доволно желба да не пропуштат ниту еден единствен час, додека други мораат повремено да пропуштаат часови.

– Ако го оптимизираме курсот да биде “таман” за некој што доаѓа само повремено, тогаш курсот ќе биде премногу бавен и досаден за тие најредовните.

– Ако го оптимизираме курсот да биде по идеална брзина за најредовните, тогаш тие што пропуштат по некој час не можат да постигнат.

Нив курсот им се гледа многу напорен и тежок, и потоа се откажуваат. Обично и носат грешен заклучок од типот “абе ова танцов ич не е забавна работа, само е напорно и стресно”.

Доколку пропуштиш неколку часови, битно е само да не носиш грешни заклучоци

Ако се случи да пропуштиш 1-2 часа и дојдеш директно на понапреден час, може да се случи да ти биде часот напорен и стресен. Кај многу луѓе се случува ова и носат грешен заклучок. На пример заклучуваат дека часовите по танц се напорна работа. Но тоа е така само бидејќи имаш пропуштено повеќе часови без да надоместиш. 

За среќа, ние имаме неколку решенија за овој проблем

Курсот е дизајниран така што оди по темпото на некој што е редовен, но ете, се случува понекогаш да пропушти по некој час. Значи на часовите има колку толку повторување и ако одиш на повеќето часови (90% од часовите), курсот ќе ти биде таман.

Ова е ако си апсолутен почетник и немаш пробано ништо друго во животот. Ако имаш претходно искуство со танц или слични активности, тогаш курсот може да ти биде малку бавен.

 

Ако сепак мораш да пропушташ и почесто часови, пак не е проблем

Значи, идеално е ако одиш на повеќето часови, и евентуално пропуштиш еднаш на 7-8 часови. Тоа е еднаш на 7-8 недели. Но ако се случи да пропушташ часови почесто, пак не е проблем. Имаме повеќе начини да ти помогнеме да надоместиш без проблем.

Се што треба е да не информираш на messenger кога ќе пропуштиш час, а ние ќе го решиме остатокот.

  • Можеме вака
  • Можеме онака

Дури и во “најлош случај”, пак имаме решение

Некои луѓе имаат животен стил со кој редовноста е речиси невозможна па може да се случи да мораат да го пропуштат дури и секој трет час, а можеби дури и половина од часовите.

И за ова имаме многу едноставно решение доколку сепак сакаш да научиш да танцуваш убаво

Поради големиот интерес, ние отвараме нови групи многу често. Понекогаш се отвараат нови групи на неколку недели. Доколку пропуштиш многу часови со својата група, можеш едноставно да почнеш со нова група. Ако имаш платено за својата група, нема да мораш да плаќаш одново за одење на курсот со нова група.

“Добро, ама што да правам сега јас конкретно во мојов случај?”

1) Доколку го имаш пропуштено првиот час

Ако сеуште не сме те контактирале, можеш да ни пишеш на messenger. Речиси секоја недела организираме промотивен настан кој го викаме “вовед во танцот”. Тоа е речиси исто како првиот час во твојот курс. 

Ќе можеш да појдеш таму и да ја научиш основата. Па веднаш потоа да дојдеш на вториот час од курсот, и да си продолжиш најнормално.

Ако нема таква опција, веднаш ќе ти резервираме (ако сакаш) место во наредната почетна група. Па така можеш да си го фатиш курсот убаво уште од прв час

2) Доколку одеше редовно, но пропушти сега само еден час

Курсот е дизајниран така што воопшто не е голем проблем ако пропуштиш еден час после 4-5-6 часа редовност. Но сепак може да не контактираш ако не сме те контактирале за надоместување. Најчесто ќе може да дојдеш малку порано пред часот (пред да дојдат другите), набрзинка да ти покажеме што имаш пропуштено. Но и на самиот час ќе има некој да ти помогне.

3) Доколку пропушти повеќе часови по ред или повеќе часови во последниве месец-два

Ако пропуштиш еден час на секои 7-8 недели, не прави голема разлика. Но ако пропуштиш повеќе часови во месецот, тоа веќе прави голема разлика зашто ние имаме часови само еднаш во неделата.

Сеуште можеш да пробаш да одиш на часовите, но имај предвид нешто што е навистина битно

– Ако пропуштиш повеќе часови во истиот месец, твоето искуство на часовите ќе биде многу различно

– Додека на другите ќе им биде интересно и забавно бидејќи учат нешто ново, ти ќе се мачиш и ќе ти биде напорно затоа што новото е секогаш базирано на тоа што е учено претходно како основа. А ти не го знаеш претходното.

 

Општо

За посетување на часовите како почетник

Зашто се вашите цени многу подобри од другите?

“Сакам да танцувам” е специјална иницијатива започната од искусни инструктори по танц кои ги организираат овие почетни курсеви без желба за профит.

Нивната главна желба е да го популаризираат танцот за возрасни во Македонија. Затоа, цените на курсевите се дизајнирани да го покријат само трошокот за изнајмување на салата.

За која возраст се овие курсеви?

Курсевите се наменети за секој што е над 16 години возраст. Нема горна граница за тоа дали смееш да доаѓаш на часови. Курсевите се за возрасни.

Повеќето што доаѓаат на курсевите се измеѓу 16 и 25 години. Има и членови што се помлади од тоа, и членови што се постари од тоа.

Не играм првпат, може да дојдам во почетната група?

Главната цел во почетната група ни е да создадеме пријатна и комфорна атмосфера за луѓе што пробуваат нешто вакво за првпат во животот. 

Тоа не е случај во повеќето танцови школи во Македонија. Таму многу почетници имаат лошо искуство зашто на часовите атмосферата знае да биде напорна. 

Дел од причината е тоа што многу често поискусни танчери доаѓаат на почетен курс “да се прават важни” пред почетниците.

Почетниот курс не е за тебе доколку сакаш да демонстрираш и покажеш колку добро ги играш почетните работи. 

Почетниот курс е за луѓе што не пробале да играат апсолутно ништо во животот. Не е соодветен за луѓе со било какво искуство.

Доколку имаш претходно искуство информирај не. Ќе можеш да се запишеш официјално на повисок степен а по потреба да комбинираш со почетниот курс.

Оваа опција за комбинирање е само ако искрено сакаш да се потсетиш на некои работи или да ги научиш правилно. Повеќето школи во земјава ги предаваат основите неправилно.

Доколку веруваш дека ги знаеш сите почетни работи и ги играш совршено, подобро е да одиш само на повисокиот степен. 

Секако, секогаш ќе имаш опција за комбинирање со часовите од понискиот степен – ако притреба (ова е без доплата).

Ако веруваш дека немаш што да научиш на почетен курс, подобро е да го скокнеш и да одиш директно на повисок степен. 

Ама јас имам играно ептен малку само. Можам ли сепак да дојдам во почетната група?

Доколку имаш пробувано да играш барем малку, ситуацијата е различна. На пример ако имаш одено само неколку часа како дете, или пак имаш пробувано по латино забави.

Немаш доволно знаење да можеш да почнеш на повисок степен. А веројатно е дека и многу работи и ги имаш научено неправилно и грешно.

Најдобро е да одиш на почетниот систем зашто ќе ги научиш по-правилно работите. 

Само имај предвид дека ќе треба да имаш малку трпение на првите часови. Дури и ако имаш ептен малку пробувано, тебе часот ќе ти биде многу полесен од другите. 

Може дури и да ти биде досадно и да се чудиш зашто некои работи ги повторуваме ептен бавно. 

Но ова е така затоа што групата е за луѓе што не пробале апсолутно ништо и никогаш во животот. Курсот е дизајниран специјално за нив, а особено првите неколку часови.

Стрпи се и почекај неколку часови, зашто тогаш ќе стигнеме на ниво каде темпото на работа ќе ти одговара и тебе. Дотогаш ќе ти биде најверојатно бавно и чудно.

А во меѓувреме фокусирај се на информациите што ги даваат инструкторите за правилност. Можно е многу работи да ги играш грешно.

Ама јас немам никаков осет за танц или ритам, дали е курсов за мене?

Ако немаш никаков осет за танцување – курсов е баш за тебе. Темпото на предавање е идеално за луѓе што никогаш во животот не изиграле ниту еден единствен чекор во ниту еден танц.

Ова е единствениот таков курс во Македонија. Во другите школи почетните курсеви користат премногу брз стил на предавање. Кај нив можеш да фатиш само ако имаш “талент”. Значи мораш да имаш претходно искуство со танцување или слична активност. 

За жал многу луѓе поаѓаат на тие почетни курсеви и носат грешен заклучок. Најчесто си велат “очигледно танцов не е за мене, еве појдов на курс за апсолутни почетници, и ништо не ми иде”…

Тоа е многу жална реалност за која се криви лошите инструктори.

За жал премногу школи во земјава лажно рекламираат дека нудат “почетен курс за возрасни”, и само создаваат фрустрација и разочарување кај многу луѓе. 

Таквите инструктори знаат како да работат со тебе само ако имаш претходно искуство, кои тие лажно го нарекуваат “талент за танцување”… 

Но не знаат да те научат да танцуваш ако немаш претходно искуство со танц или слични активности. Ако првпат во животот пробуваш нешто вакво, не знаат како да ти помогнат. 

Нашиот курс е за луѓе без специјален талент и без никакво претходно искуство со танц или слични активности.

Кои се тие активности "слични на танц"?

Многу луѓе веруваат во легендата наречена “талент”, но од наше искуство не постои такво нешто. Да, вистина е дека некои луѓе што доаѓаат на возрасен курс фаќаат и учат многу побрзо од другите. Но, има една тајна кај нив.

Доколку ги испрашаш тие “талентираните” ќе дознаеш дека оделе со години на пливање, боречки вештини, гимнастика, играорна или јога. Тие активности го развиваат осетот за контрола на телото на сличен начин како танцот. 

Сето тоа прави огромна разлика и затоа тие луѓе фаќаат многу побрзо. Тие веќе имаат развиена моторика за контрола на телото. Иако велат дека се почетници во танцот, тоа не е сосема точно, тие не почнуваат од нула.

Многу често другите по грешка ги нарекуваат ваквите луѓе “природно талентирани” бидејќи фаќаат полесно и побрзо, но тоа е апсолутна легенда и невистина.

Дури и да немаш тренирано ниту една слична активност, но се бавиш со музика, пак може да ти биде полесно од другите. 

На почетен курс многу често се повторуваат некои чекори одново и одново за да луѓето почнат да фаќаат ритам. Ако ти веќе имаш осет за ритам, може сето ова да ти биде досадно и непотребно повторување…

Исто така, луѓе што се бавеле многу години со спорт, дури да нема сличности нивниот спорт, ќе имаат предност и побрзо ќе совладуваат.

Нашиот курс “Вовед во танцот” е за луѓе што почнуваат од нула и немаат осет за ритам. 

Не е соодветен за луѓе со претходно искуство, на пример танцување како дете, бавење со музика или учество на активности што се слични на танцот (боречки вештини, пливање, јога, итн). 

Во тој случај имаме препораки за тоа како да почнеш на повисок степен.

Што ако го пропуштам првиот час?

Првиот час е најважниот час во курсот. На овој час ја учиме основата на танцувањето на еден забавен и лесен начин. Нема да имаш чуство дека правиме нешто посебно, но сепак часот е навистина посебен.

Иако часот е лесен и сите можат да го фатат, сепак на него се поставува битна основа за понатаму.

Оние што ќе го пропуштат првиот час и ќе дојдат директно од втор или трет час обично се мачат на часот и не можат да фатат. 

Додека другите се радуваат на учењето понапредни работи и ги фаќаат релативно лесно, оние што го пропуштиле првиот час обично имаат потешкотии.

Наместо да им биде забавен курсот, на нив им е напорен и мачен… и потоа носат грешен заклучок “очигледно не ми лежи мене ова танцувањево”. 

Но вистинската причина за проблемиве е тоа што го пропуштиле првиот час. 

Ако си апсолутен почетник и никогаш немаш пробано да танцуваш, нашата препорака е да не продолжуваш на курсот доколку го пропуштиш првиот час. 

Само информирај не доколку го пропуштиш првиот час, и ние ќе те известиме моментот штом има пак прв час за различна група, за да си почнеш од прв час како и другите. 

Постојано формираме нови групи, или посебно организираме први часови, па нема да мораш да чекаш многу долго. А подобро е да почекаш отколку да имаш лошо искуство со курсот и танцувањето.

Доколку имаш некое искуство со пробување танц или тренирање слични активности, можеш да пробаш да се вклучиш од вториот час ако сакаш.

Ако имаш многу претходно искуство со слични активности, можно е дури да имаш обратен проблем, односно дури и вториот и третиот час да ти се прелесни. Ова зависи од тоа колку имаш искуство со слични активности.

Ќе морам да пропуштам неколку часови поради оправдани причини, дали ќе ми направи проблем?

Курсот е дизајниран за луѓе што танцуваат првпат во животот и одат редовно на сите часови. Брзината е темпирана за да им биде идеално на тие луѓе.

А пак за тие што се нередовни, нив темпото ќе им се чини премногу брзо и напорно. Додека пак тие што имаат претходно искуство со танц, најчесто ќе имаат чуство дека курсот оди премногу бавно.

Доколку инструкторите го трошат часот на повторување работи за тие што пропуштиле часови, тогаш се лутат редовните бидејќи тие губат време на нешто што веќе го учеле. 

Секој час се учи нешто што е 20-30% понапред од претходниот час. Се оди по темпо кое е идеално за тие што се редовни. Се повторува доволно да сме сигурни дека старото е совладано, но учиме доволно нови и работи да ни биде интересно.

 

Ако ти пропуштиш 2-3 часа и дојдеш директно на час кој е многу понапред, знај дека на другите часот и танцувањето ќе им биде многу позабавно, додека кај тебе наместо забавно, може да ти биде напорно.

Може дури да се случи да донесеш грешен заклучок дека “танцот мене не ми лежи, не е ова за мене”. Но ова се случува зашто другите веќе го совладале тоа што е на пониско ниво, и сега учат нешто што е понапредно. За нив е нешто ново и интересно, но за тебе е нешто напорно и чудно. 

За среќа ние имаме повеќе начини да ти помогнеме доколку мораш да испушташ некои часови од оправдани причини. 

Само информирај не, и ќе го најдеме идеалното решeние за тебе… за да можеш и ти да уживаш во часовите исто како другите.

 

Како можам да се пријавам?

Пријавувањето оди по електронски пат. За да се пријавиш, само пиши ни порака на Фејсбук страницата со шифра “Уписи за возрасни.” Тоа можеш да го направиш преку Messenger тука.

Scroll to Top