Одговори за најчести прашања на почетниот курс

На оваа страна се наоѓаат одговорите за најчестите дилеми кои ги имаат луѓето откако ќе почнат да одат на почетниот курс за танцување.

Белешка за девојките

Доколку има било какви промени со твоето место, информирај не. На пример ако не можеш да продолжиш на курсот поради промена на обврски или поради било која причина, информирај не да го откажеме местото.

Има голем број девојки што се на листа за чекање. Тие можат да се вклучат само ако ги поканиме да дојдат на вториот час од курсот. Нема да можат да се вклучат од трет или четврти час во курсот, тогаш е веќе касно.

Ако знаеш уште од сега дека нема да продолжуваш на курсот, информирај не што побргу, пред да го одржиме вториот час. Така ќе да можеме да поканиме некоја од девојките која чека место за замена.

Најчести прашања од тие што одат на часовите

Што беше најбитно да знаеме за курсот?

Почетниот курс е рекреативен. Учиме танц за да играме со пријатели, по забави, за запознавање и дружење со нови луѓе итн. 

Речиси никој нема да успее да стигне на сите 12 термини, тоа е нормално. 

Намерно ги држиме часовите така што знаеме дека не се сите во просторијата тој ден, и дека дел од луѓето не биле на претходниот час.

Иако почетниот курс е рекреативен за тебе и не треба да го сфаќаш премногу сериозно, ние како инструктори мораме да го организираме и планираме убаво. 

Некои луѓе чудно ја сфаќаат нашата организираност и велат “што има тука да ве информирам кога доаѓам, а кога не, па не планирам ја професионален танчер да станувам!”

Ние го планираме часот, што играме, колку и какви демонстратори има – зависно од тоа кои и колку луѓе ќе дојдат на тој час, или не биле на претходниот. Ова е за да на сите им биде максимално забавен часот. 

 

Ако не знаеме кој кога доаѓа, пола час пропаѓа на повтарање работи за тие што ненајавено отсуствувале и ненајавено се појавиле. 

Тоа постојано повторување работи за некомуникативни луѓе е екстремно досадно и нефер према остатокот од групата.

Кога во групата има повеќе некомуникативни луѓе што доаѓаат/отсуствуваат без најава, на часовите има вишок или минус на демонстратори, партнери или партнерки. 

Па наместо да уживаат луѓето во танцувањето, мораат да чекаат на ред за партнер/ка.

Значи ако мораш да пропуштиш час тоа е нормално и нема да ти направи разлика. Повеќето луѓе ќе испуштат некој час во курсот. Ќе го завршиш курсот без проблем.

Само информирај не кога пропушташ час. Идеално би било некое време пред часот. Но ако навистина не стигнеш, можеш да ни пишеш и откако ќе го пропуштиш часот да го планираме (ние) поубаво следниот час.

(На Кратко) Не треба да го сфаќаш курсов премногу сериозно… не се грижи ако понекогаш испуштиш час. Секој час има барем неколку луѓе што не стигнале тој час. Само информирај не за да планираме… биди фер према другите. 

Кога не информираат сите, курсот е дупло поинтересен и луѓето до крајот на курсот ќе научат дупло повеќе и поинтересни работи. Специјално бираме што ќе покажуваме на часовите зависно од тоа кој бил на кои часови.

Не можев да ги фатам чекорите на првиот час, часот одеше некако брзо и ништо не сфатив.

Ако првиот час ти беше прв обид за танцување во животот, не се грижи, тоа е нормално. 

Кога ќе дојдеш на вториот час ќе се зачудиш колку ти се сега полесни чекорите. 

Треба време да “слегнат”. А тоа се случува измеѓу часови, кога ќе го “преспиеш наученото”.

Ние секако на втор час ќе ги повториме чекорите колку-толку. Нема да одиме веднаш со нови работи. 

 

Прво ќе осигураме дека сите ги играат работите од прв час убаво и самоуверено. 

Освен тоа, ако сакаш уште повеќе повторување, можеш да дојдеш 20 минути пред часот. 

Тоа е периодот за тие што сакаат екстра повторување или не биле претходниот час. 

Можеш да го користиш овој гратис период кога и да сакаш. Не е само за луѓе што пропуштиле час.

Мене ми беше некако бавно и премногу лесно, имате нешто побрзо?

Да, има повеќе опции што можеш да ги пробаш само информирај не дека ти е прелесно или бавно на курсот за почетници. 

Ова е обично случајот со тие што имаат пробувано танц порано или се бавеле со слични активности. Можеби дури и имаш играно танц подолго како дете или слично.

Првиот месец оди побавно и е за поставување апсолутна основа за луѓе што не пробале апсолутно ништо и никога слично во животот.

 

Најчесто има повеќе почетни групи што почнале во различно време. Тоа значи дека најверојатно има почетна група што е 1 или 2 месеци понапред од твојата група. 

Значи ако сакаш можеш да поминеш во таа почетна група што е 1-2 месеци понапред и да пробаш таму. Во таа група сигурно ќе ти биде поинтересно бидејќи е повеќе на твое ниво.

Покрај тоа постојат и групи за повисок степен. Зависно од тоа колку ти е лесно, можеби ќе успееш и директно да се вклучиш на група за повисок степен.

(hide) Мене ми е бавен курсов, има нешто побрзо?

Групните часови имаат многу предности. Како на пример одлична прилика за дружење со многу различни луѓе.

Меѓутоа групниот час има и некои свои маани токму затоа што е групен час. 

Сите луѓе се различни и имаат различни потреби. Само затоа што ти лично имаш совладано некој чекор, не значи дека и другите го совладале. 

Кога се повторува некој чекор мораш да имаш трпение за своите соученици кои сеуште имаат проблем со чекорот или не го фаќаат на ритам. 

Сепак, ќе има прилика во иднина кога тие ќе фатат нешто побрзо од тебе, и тие ќе те чекаат тебе да ги стигнеш. 

Затоа имај сочуство за другите и почекај додека повторуваме поради другите.

 

Нашите инструктори не повторуваат работи без причина или од инат. Тие го прават тоа зашто има луѓе во групата за кои треба да се повтори повеќе пати или побавно.

Нема да ја жртвуваме пола група заради тие што се нетрпеливи и се брзаат. Часот оди по темпото на тие што фаќаат побавно бидејќи курсот е за апсолутни почетници.

Исто така имај на ум дека дури и тие што се најсериозни се случува да пропуштат час поради оправдани причини. 

Мораме да повторуваме работи се додека не го игра целата група истото, вклучувајќи ги и тие што пропуштиле час или фаќаат побавно. 

Во иднина ќе се случи ти да мораш да пропуштиш час, па тогаш твоите соученици ќе мораат да бидат трпеливи додека работиме ти да ги стигнеш нив. Имај малку разбирање и емпатија за другите.

(hide) Одам на часовите веќе редовно, но се мачам со чекорите, некако многу ми е брзо.

Ако ти се чинат часовите брзи и имаш проблем да ги фатиш чекорите, тоа е обично затоа што имаш пропуштено некој час. 

Многу е ретко некој да е навистина редовен, а да се мачи. Скоро никогаш не се случува и секогаш е поради нередовност.

Темпото на курсот е дизајнирано за тие што одат редовно на часови.

Пробуваме да помогнеме на тие што пропуштиле час, но сепак не можеме целосно да го повториме целиот пропуштен час по потполно исто темпо. Можеме само да го повториме набрзинка.

Како што знаеш има повеќе начини да надоместиш, и тоа е најдобро да се направи надвор од официјалниот час, на пример да дојдеш 20 минути пред часот.

Доколку немаш пропуштено ниту еден час и пак ти се чини дека предаваме и работиме многу брзо и не можеш да фатиш, тогаш кривицата е наша.

Не се срами и слободно информирај не ако се мачиш со некој чекор. Ако не ти оди, не значи дека е проблемот до тебе. 

Тоа значи дека ние лошо предаваме. Затоа секогаш без проблем кажи ако имаш проблем за да можеме веднаш да се корегираме.

Секако, ова се однесува на тие што биле редовни, а сепак не можат да фатат чекори. 

Ако не можеш да фатиш поради нередовност, за тоа ќе ти помогнеме со специјалните термини за надоместување или една од другите опции.

(hide) Ама мене ми е премногу лесно на овој почетниов курс, немате нешто понапредно?

Ако ти се чинат премногу лесни чекорите на почетниот курс, можеш да се префрлиш во групата за втор степен. 

Повеќето луѓе во Македонија ги играат основните работи неправилно. Дури ако мислиш дека ги знаеш сите почетни работи, големи се шансите дека ги играш неправилно.

 

Затоа е препорачливо да комбинираш. Можеш да одиш официјално на втор степен, но  да одиш плус и на часовите за прв степен.

Значи ако се префрлиш во групата за втор степен, пак ќе можеш да доаѓаш кога сакаш на часовите за прв степен (без доплата).

(hide) Ама ја сепак не сум ни за тој повисокиот степен, не можам ништо да фатам таму... Што да правам?

За жал тоа е една од мааните на групни часови. Нема никогаш да постои степен што е точно перфектен за тебе и твоите потреби. 

Вториот степен по тежината е дизајниран да биде идеален за оној што завршил прв степен. Ако немаш завршено прв степен, нема да можеш да ги фатиш повеќето работи на втор степен.

Ако не си апсолутен почетник, нема степен што е “совршен” за тебе. Постои степен 1, постои степен 2, степен 3 итн… Но не постојат посебно степен 1, па посебно степен 1 и пол, па степен 2, па степен 2 и пол…

Вака е во секоја група за танц на планетата – ниту една нема да ти одговара совршено. Ниту брзината ќе ти биде совршена, ниту тоа што се учи. На групен час секогаш ќе учиш и работи што тебе не ти требаат во моментот, затоа што на други луѓе во групата им требаат.

Ако ти смета ова, имаш две опции:

1) Можеш да учиш на само со приватни часови

Тогаш инструкторот ќе работи баш перфектно точно тоа што ти треба тебе лично во секоја дадена минута. Ќе имаш многу побрз прогрес, но ќе имаш помалку пријатели.

На групен час не е секоја минута перфектно посветена баш на тебе и твоите лични потреби, но имаш многу луѓе за дружење и цените се многу поисплатливи.

2) Можеш да го откажеш местото во групата 

Ако навистина ти пречи тоа што често се предаваат или повторуваат работи што им требаат на другите, а тебе не ти требаат –  информирај не побрзо да го откажеме твоето место и да поставиме замена. 

Откажувањето место на време е особено битно ако сеуште не сме одржале втор час во курсот. Имаме голем број спремни луѓе што можат да дојдат да заменат ослободено место на втор час од курсот. Информирај не ако ослободуваш место. Да бидеме фер према тие што чекаат да се ослободи место.

Ќе морам да пропуштам повеќе часови поради оправдани причини, дали ќе ми направи проблем?

Брзината на предавањето е идеална за тие луѓе што се редовни и доаѓаат секој час. Тие ќе играат најубаво на крајот на курсот и нив ќе им биде најзабавно.

Ако некој пропушти час, тоа е нормално, и ќе го фати наредниот час без премногу тешкотии.

Може да ти биде 10% потешко од обично, но не многу. А веќе следниот час ќе ти биде лесен и забавен како и секогаш.

Ако некој испушти 2 часа по ред, тогаш станува малку потешко. Сеуште може да фати тоа што се игра, но часот ќе му биде помалку забавен ако пропуштил 2 часа по ред. 

Само биди поупорен на часот, и ќе се вратиш во темпо со групата. Веќе од следниот час пак ќе ти биде забавно и лесно. 

Не се срами да побараш помош од демонстраторите. Затоа на курсот има поголем број демонстратори. Тие се таму за тебе.

 

Ако пропуштиш 3-4 часа по ред веќе ќе имаш поголем проблем. 

Знај дека на другите часот и танцувањето ќе им биде многу позабавно, додека кај тебе наместо забавно, може да ти биде напорно.

Може дури да се случи да донесеш грешен заклучок дека “танцот мене не ми лежи, не е ова за мене”.

Но ова се случува зашто другите оделе 3-4 часа по ред и научиле многу работи што сега ги играат без мислење, и сега учат нешто што е понапредно.

За нив тоа што се игра е нешто ново и интересно, но за тебе е нешто напорно и чудно. 

Но и за тоа имаме решение. Можеш да го земеш истиот курс со поновата група без никаква доплата

(addendum, hidden) Ќе морам да пропуштам повеќе часови поради оправдани причини, дали ќе ми направи проблем?

За оние што танцуваат првпат во животот ама не се редовни на часовите – курсот ќе им се чини брз и напорен.

А пак оние што имаат претходно искуство со танц, најчесто ќе имаат чуство дека почетниот курс оди премногу бавно и дека се “повторува премногу едно-те-исто”.

Инструкторите пробуваат да најдат некоја средина меѓу потребите на различните луѓе. 

Доколку го трошат целиот час за повторување работи за некој што пропуштил премногу часови, тогаш се лутат редовните бидејќи тие губат време на нешто што веќе го учеле. 

Секој час се учи нешто што е 20-30% понапред од претходниот час. Се оди по темпо кое е идеално за тие што се редовни почетници. 

Се повторува доволно да како почетници сме сигурни дека старото е совладано, но учиме доволно нови работи да ни биде интересно.

Како беше за плаќањето?

Инструкторите ги организираат овие курсеви без желба за профит и членарината е дизајнирана само да го покрие трошокот за користење на просторот кај што се држат часовите. 

За сите цени, попусти и начини на плаќање можеш да видиш подетално тука.

Локациите каде што работиме си ги наплаќаат и салата и други трошоци уште од прв час, па пожелно е да се уплати уште од првиот час ако можеш.

Но, не е задолжително ако навистина не стигнеш да уплатиш уште од првиот час. Дел прават уплата на втор час, а помал дел луѓе се случува да уплатат дури од трет час.

За повеќе информации за сите и цени и попусти, можеш да видиш во ценовникот тука.

Доколку сакаш можеш да направиш уплата само за првиот месец, па потоа за секој месец посебно. Но повеќето решаваат да го искористат попустот за плаќање на целиот курс одеднаш.

Scroll to Top