Оваа страница објаснува кои податоци ги собираме кога се пријавувате за проба или час преку Сакам Танц, зошто ги собираме и кој ги обработува.
Кои податоци собираме
При пријава: вашето име, презиме и мобилен број; името, презимето и годината на раѓање на децата што ги пријавувате; и, по желба, како дознавте за нас. Ако продолжите со часовите, ги водиме и понудите, членствата, уплатите и присуството на часовите.
Зошто
За да ве контактира инструкторот за термин за проба, да ги водиме пријавите, понудите, членствата и уплатите, и да ве известуваме за часовите. Вашите податоци не ги продаваме.
Кој ги обработува
Ги гледаат инструкторот или студиото кај кое сте се пријавиле и тимот на Сакам Танц што го одржува софтверот. Се чуваат кај давателите на услуги што ги користиме: Airtable (база на податоци), Vercel (хостинг), HubSpot (евиденција на разговори) и Google (е-пошта). Пораките на Фејсбук и Инстаграм одат преку Meta и ManyChat. Уплатите моментално се процесираат преку Здружение за Танц, Забава и Едукација САКАМ ТАНЦ Скопје.
Колку долго
Додека трае соработката, и колку што бара законот за финансиската евиденција.
Вашите права
Може да побарате увид во вашите податоци, нивна исправка или бришење.