На оваа страна се наоѓаат одговорите за најчесто поставуваните прашања и речиси се што може да ти притреба да знаеш за одењето на курсевите по танц.
“Сакам да танцувам” е специјална иницијатива започната од искусни инструктори по танц кои ги организираат овие почетни курсеви без желба за профит.
Нивната главна желба е да го популаризираат танцот за возрасни во Македонија. Затоа, цените на курсевите се дизајнирани да го покријат само трошокот за изнајмување на салата.
Курсевите се наменети за секој што е над 16 години возраст. Нема горна граница за тоа дали смееш да доаѓаш на часови. Курсевите се за возрасни.
Повеќето што доаѓаат на курсевите се измеѓу 16 и 25 години. Има и членови што се помлади од тоа, и членови што се постари од тоа.
Една од нашите главни цели е да создадеме комфорна и удобна атмосфера за луѓе кои првпат во животот пробуваат да одиграат нешто.
Ако има луѓе што седат отстрана и само гледаат, тоа создава некомфорна атмосфера за почетниците кои се чуствуваат како пред жири комисија.
Воедно, имаме преголем интерес за курсевите и затоа одиме преку систем на резервација. Местата се за оние кои се сериозни и решени да пробаат да одат на курс за танц.
Ако одиш на курсот, ние гарантираме дека ќе научиш да ги играш сите овие танци за 12 недели, независно од тоа дали имаш талент или не.
Секако ако ти излезат други обврски можеш да прекинеш со курсот кога и да сакаш или да се откажеш во било кое време. Ако го почнеш курсот, не значи дека мораш да одиш до крај.
Но сепак имаме молба да прават резервации само луѓе кои искрено решиле да научат да танцуваат.
Навистина сме куси на места поради преголемиот интерес и не можеме да чуваме места за они кои би доаѓале од чиста љупобитност, бидејќи немаме простор за тоа…
Тие места може да одат кај оние што се на листата за чекање. Речиси секогаш имаме повеќе сериозни пријави отколку места.
Ако немаш никаков осет за танцување – курсов е баш за тебе. Темпото на предавање е идеално за луѓе што никогаш во животот не изиграле ниту еден единствен чекор во ниту еден танц.
Ова е единствениот таков курс во Македонија. Во другите школи почетните курсеви користат премногу брз стил на предавање. Кај нив можеш да фатиш само ако имаш “талент”. Значи мораш да имаш претходно искуство со танцување или слична активност.
За жал многу луѓе поаѓаат на тие почетни курсеви и носат грешен заклучок. Најчесто си велат “очигледно танцов не е за мене, еве појдов на курс за апсолутни почетници, и ништо не ми иде”…
Тоа е многу жална реалност за која се криви лошите инструктори.
За жал премногу школи во земјава лажно рекламираат дека нудат “почетен курс за возрасни”, и само создаваат фрустрација и разочарување кај многу луѓе.
Таквите инструктори знаат како да работат со тебе само ако имаш претходно искуство, кои тие лажно го нарекуваат “талент за танцување”…
Но не знаат да те научат да танцуваш ако немаш претходно искуство со танц или слични активности. Ако првпат во животот пробуваш нешто вакво, не знаат како да ти помогнат.
Нашиот курс е за луѓе без специјален талент и без никакво претходно искуство со танц или слични активности.
Многу луѓе веруваат во легендата наречена “талент”, но од наше искуство не постои такво нешто. Да, вистина е дека некои луѓе што доаѓаат на возрасен курс фаќаат и учат многу побрзо од другите. Но, има една тајна кај нив.
Доколку ги испрашаш тие “талентираните” ќе дознаеш дека оделе со години на пливање, боречки вештини, гимнастика, играорна или јога. Тие активности го развиваат осетот за контрола на телото на сличен начин како танцот.
Сето тоа прави огромна разлика и затоа тие луѓе фаќаат многу побрзо. Тие веќе имаат развиена моторика за контрола на телото. Иако велат дека се почетници во танцот, тоа не е сосема точно, тие не почнуваат од нула.
Многу често другите по грешка ги нарекуваат ваквите луѓе “природно талентирани” бидејќи фаќаат полесно и побрзо, но тоа е апсолутна легенда и невистина.
Дури и да немаш тренирано ниту една слична активност, но се бавиш со музика, пак може да ти биде полесно од другите.
На почетен курс многу често се повторуваат некои чекори одново и одново за да луѓето почнат да фаќаат ритам. Ако ти веќе имаш осет за ритам, може сето ова да ти биде досадно и непотребно повторување…
Исто така, луѓе што се бавеле многу години со спорт, дури да нема сличности нивниот спорт, ќе имаат предност и побрзо ќе совладуваат.
Нашиот курс “Вовед во танцот” е за луѓе што почнуваат од нула и немаат осет за ритам.
Не е соодветен за луѓе со претходно искуство, на пример танцување како дете, бавење со музика или учество на активности што се слични на танцот (боречки вештини, пливање, јога, итн).
Во тој случај имаме препораки за тоа како да почнеш на повисок степен.
Првиот час е најважниот час во курсот. На овој час ја учиме основата на танцувањето на еден забавен и лесен начин. Нема да имаш чуство дека правиме нешто посебно, но сепак е навистина посебно.
Иако часот е лесен и сите можат да го фатат, сепак на него се поставува битна основа за понатаму.
Оние што ќе го пропуштат првиот час и ќе дојдат директно од втор или трет час обично се мачат на часот и не можат да фатат.
Додека другите се радуваат на учењето понапредни работи и ги фаќаат релативно лесно, оние што го пропуштиле првиот час обично имаат потешкотии.
Наместо да им биде забавен курсот, на нив им е напорен и мачен… и потоа носат грешен заклучок “очигледно не ми лежи мене ова танцувањево”.
Но вистинската причина за проблемиве е тоа што го пропуштиле првиот час.
Ако си апсолутен почетник и никогаш немаш пробано да танцуваш, нашата препорака е да не одиш на курсот доколку го пропуштиш првиот час.
Само информирај не доколку го пропуштиш првиот час, и ние ќе те известиме моментот штом има пак прв час за различна група, за да си почнеш од прв час како и другите.
Постојано формираме многу различни групи и нема да мораш да чекаш многу долго. А подобро е да почекаш отколку да имаш лошо искуство со курсот и танцувањето.
Доколку имаш некое искуство со пробување танц или тренирање слични активности, можеш да пробаш да се вклучиш од вториот час ако сакаш.
Ако имаш многу претходно искуство со слични активности, можно е дури да имаш обратен проблем, односно дури и вториот и третиот час да ти се прелесни. Ова зависи од тоа колку имаш искуство со слични активности.
Курсот е дизајниран за луѓе што танцуваат првпат во животот и одат редовно на сите часови. Брзината е темпирана за да им биде идеално на тие луѓе.
А пак за тие што се нередовни, нив темпото ќе им се чини премногу брзо и напорно. Додека пак тие што имаат претходно искуство со танц, најчесто ќе имаат чуство дека курсот оди премногу бавно.
Доколку инструкторите го трошат часот на повторување работи за тие што пропуштиле часови, тогаш се лутат редовните бидејќи тие губат време на нешто што веќе го учеле.
Секој час се учи нешто што е 20-30% понапред од претходниот час. Се оди по темпо кое е идеално за тие што се редовни. Се повторува доволно да сме сигурни дека старото е совладано, но учиме доволно нови и работи да ни биде интересно.
Ако ти пропуштиш 2-3 часа и дојдеш директно на час кој е многу понапред, знај дека на другите часот и танцувањето ќе им биде многу позабавно, додека кај тебе наместо забавно, може да ти биде напорно.
Може дури да се случи да донесеш грешен заклучок дека “танцот мене не ми лежи, не е ова за мене”. Но ова се случува зашто другите веќе го совладале тоа што е на пониско ниво, и сега учат нешто што е понапредно. За нив е нешто ново и интересно, но за тебе е нешто напорно и чудно.
За среќа ние имаме повеќе начини да ти помогнеме доколку мораш да испушташ некои часови од оправдани причини.
Само информирај не, и ќе го најдеме идеалното решние за тебе… за да можеш и ти да уживаш во часовите исто како другите.