Одговори за најчести прашања од курсистите

На оваа страна се наоѓаат одговорите за најчестите дилеми кои ги имаат луѓето откако ќе почна да одат на часови.

Најчести прашања од тие што одат на часовите

Зашто повторуваме чекори кои јас веќе ги знам? Часовите одат многу бавно, не може да убрзаме?

Групните часови имаат многу предности. Како на пример одлична прилика за дружење со многу различни луѓе.

Меѓутоа групниот час има и некои свои маани токму затоа што е групен час. 

Сите луѓе се различни и имаат различни потреби. Само затоа што ти лично имаш совладано некој чекор, не значи дека и другите го совладале. 

Кога се повторува некој чекор мораш да имаш трпение за своите соученици кои сеуште имаат проблем со чекорот или не го фаќаат на ритам. 

Сепак, ќе има прилика во иднина кога тие ќе фатат нешто побрзо од тебе, и тие ќе те чекаат тебе да ги стигнеш. Затоа имај сочуство за другите и почекај додека повторуваме поради другите.

 

Нашите инструктори не повторуваат работи и не објаснуваат бавно од инат на тој што му се брза. Тие го прават тоа зашто има луѓе во групата за кои треба да се повтори бавно.

Кога бираме меѓу тие што се понапред и тие што се поназад во групата, секогаш ќе ги избереме тие што се поназад. Часот оди по нивното темпо.

Исто така имај на ум дека дури и тие што се најсериозни се случува да пропуштат час поради оправдани причини. 

Мораме да повторуваме работи се додека не го игра целата група истото, вклучувајќи ги и тие што пропуштиле час. 

Во иднина ќе се случи ти да мораш да пропуштиш час, па тогаш твоите соученици ќе мораат да бидат трпеливи додека работиме ти да ги стигнеш нив.

Не можам да ги фатам чекорите, часот одеше многу брзо и ништо не сфатив.

Ако ти се чини часот брз и имаш проблем да ги фатиш чекорите, тоа е обично затоа што имаш пропуштено некој час.

Темпото на курсот е дизајнирано за тие што одат редовно на часови.

Пробуваме да помогнеме на тие што пропуштиле час, но сепак не можеме целосно да го повториме целиот пропуштен час по потполно исто темпо. Можеме само да го повториме набрзинка.

Како што знаеш има повеќе начини да надоместиш, и тоа е најдобро да се направи надвор од официјалниот час, на пример пред часот.

 

Доколку немаш пропуштено ниту еден час и пак ти се чини дека предаваме и работиме многу брзо и не можеш да фатиш, тогаш кривицата е наша.

Не се срами и слободно информирај не ако се мачиш со некој чекор. Ако не ти оди, не значи дека е проблемот до тебе. 

Тоа значи дека ние лошо предаваме. Затоа секогаш без проблем кажи ако имаш проблем за да можеме веднаш да се корегираме.

Секако, ова се однесува на тие што биле редовни, а пак не можат да фатат чекори. Ако не можеш да фатиш поради нередовност, за тоа ќе ти помогнеме во специјалните термини за надоместување.

 

Премногу вежбаме финеси и правилност во играњето, јас играм само за забава, нејќам да станувам професионалец.

Не може да станеш професионалец со 5 минути вежбање на финеси. За тоа е потребно да се опседнеш со финесите и да ги вежбаш секој ден со саати и саати. 

Ние вежбаме финеси само на тоа ниво што е потребно да изгледаш малку поубаво од другите што играат на забавите по градов. Не вежбаме на ниво за “станување професионалец”.

Голем дел од финесите се и поради безбедност, на пример го учиме правилно за да не ствараме навика со која понатаму можеме да шинеме рака или нога. Тоа се случува често кај оние што се брзаат и учат што повеќе фигури неправилно.

Можеш да ги приметиш по забавите низ градов. Тие изгледаат како да мафтаат на сите страни неконтролирано и личат како да се мртви пијани, иако се сосема трезни… само мафтаат затоа што се брзале со учењето фигури на неправилен начин.

Верувај на инструкторот кога го бира нивото на финеси затоа што има многу искуство и знае многу подобро од тебе.

Оние луѓе што мафтаат неконтролирано по забавите не се свесни дека изгледаат смешно. Тие исти луѓе превртувале очи на час кога инструкторот објаснувал финеси баш за нив. 

По некоја иронија баш тие што се најсамоуверени и мислат дека не им треба учење финеси, баш на нив најмногу им требаат.

Исто така земи предвид дека во групата секогаш има и доста луѓе кои сакаат да учат повеќе финеси од тебе. 

Кога бираме колку време и труд ќе вложиме на нешто, тоа е како просек од тоа што го сакаат луѓето во групата. Некои работи ќе бидат таман за тебе, некои не. Секогаш е така на групни часови.

Учиме премногу фигури, нели може да се посветиме повеќе на финесите? Сакам да изгледам поубаво кога играм. Сакам да научам убави движења на телото.

Погледни го одговорот на претходното прашање. Кога работиме групен час, секогаш мораме да најдеме компромис помеѓу тоа што го сакаат различните ученици.

За жал има премногу луѓе што се импресионираат со бројот на фигури и финти. Тие не сфаќаат дека ова е најмалку битната работа во танцот.

Сепак мора да направиме компромис за тие што се опседнати со квантитет. Тие доаѓаат да научат што повеќе финти за на забава, и не ги интересира ако изгледаат смешно или ќе је истегнат партнерката.

Поради нив предаваме малку повеќе фигури од што е идеално. Мораме, затоа што не ни веруваат дека квалитетот е побитен и ќе научат доволно фигури ако се стрпат.

 

Подобро е да играш 10 фигури со убаво движење на телото отколу 100 фигури со неумесно и опасно мафтање на телото. Но не го сфаќа тоа секој.

Добрата вест е тоа што имаме специјализирани курсеви за “техника” каде се учат што повеќе финеси како користење на телото, кукови, правилни и убави нозе и раце итн.

Тие што ќе одат на специјализираните курсеви ќе играат многу поубаво од тие што одат на обичните курсеви.

Но дури и тие што ќе одат само на обичниот курс пак ќе играат бар малку поубаво од типични луѓе на забавите низ градов. Никогаш нема да го спуштиме квалитетот под тоа ниво за ниту една причина.

Нели може повеќе да ги повторуваме фигурите? Премногу брзо учиме премногу фигури. Не можам да ги запамтам.

За жал луѓето што сакаат што повеќе фигури се во мнозинство кај рекреативните танчери. 

Тие луѓе не ја сфаќаат разликата меѓу знаење и познавање. Не е исто е да можеш да препознаеш нешто, и вистински да го знаеш.

Многу често во танцот повторуваме нешто за да го запамтиме, да ни стане навика и да можеме да го изиграме без мислење. Значи да го совладаме.

Најчесто истите тие нетрпеливи луѓе го откриваат тоа и самите кога ќе отидат на забава. Мислат дека знаат “100 фигури”, но кога ќе пробат да играат, не им текнува ништо “како беше”.

Други пак успеваат да “играат” еден куп работи што ги научиле набрзина, ама не сфаќаат дека ги играат на начин што изгледа смешно и ги повредуваат партнерите бидејќи не е совладано.

Добрата вест е тоа што кај нас ова нема да ти се случи. Секогаш повторуваме доволно пати за да изгледаме добро кога играме. 

Впрочем, на нашите курсеви имаме најмногу посветеност на финеси и совладување на фигурите. 

На сите други места во Македонија се предаваат уште повеќе фигури и се брза уште повеќе.

Исто така како што напредува курсот, луѓето стануваат помудри и веќе самите бараат повеќе квалитет и финеси.

Но сепак, на почеток повеќето бараат квантитет наместо квалитет, и треба време додека да сфатат дека од квантитетот нема корист. 

Па затоа на почеток правиме малку компромис поради мнозинството.

Што ако го пропуштам првиот час?

Првиот час е најважниот час во курсот. На овој час ја учиме основата на танцувањето на еден забавен и лесен начин. Нема да имаш чуство дека правиме нешто посебно, но сепак е навистина посебно.

Иако часот е лесен и сите можат да го фатат, сепак на него се поставува битна основа за понатаму.

Оние што ќе го пропуштат првиот час и ќе дојдат директно од втор или трет час обично се мачат на часот и не можат да фатат. 

Додека другите се радуваат на учењето понапредни работи и ги фаќаат релативно лесно, оние што го пропуштиле првиот час обично имаат потешкотии.

Наместо да им биде забавен курсот, на нив им е напорен и мачен… и потоа носат грешен заклучок “очигледно не ми лежи мене ова танцувањево”. 

Но вистинската причина за проблемиве е тоа што го пропуштиле првиот час. 

Ако си апсолутен почетник и никогаш немаш пробано да танцуваш, нашата препорака е да не одиш на курсот доколку го пропуштиш првиот час. 

Само информирај не доколку го пропуштиш првиот час, и ние ќе те известиме моментот штом има пак прв час за различна група, за да си почнеш од прв час како и другите. 

Постојано формираме многу различни групи и нема да мораш да чекаш многу долго. А подобро е да почекаш отколку да имаш лошо искуство со курсот и танцувањето.

Доколку имаш некое искуство со пробување танц или тренирање слични активности, можеш да пробаш да се вклучиш од вториот час ако сакаш.

Ако имаш многу претходно искуство со слични активности, можно е дури да имаш обратен проблем, односно дури и вториот и третиот час да ти се прелесни. Ова зависи од тоа колку имаш искуство со слични активности.

Ќе морам да пропуштам неколку часови поради оправдани причини, дали ќе ми направи проблем?

Курсот е дизајниран за луѓе што танцуваат првпат во животот и одат редовно на сите часови. Брзината е темпирана за да им биде идеално на тие луѓе.

А пак за тие што се нередовни, нив темпото ќе им се чини премногу брзо и напорно. Додека пак тие што имаат претходно искуство со танц, најчесто ќе имаат чуство дека курсот оди премногу бавно.

Доколку инструкторите го трошат часот на повторување работи за тие што пропуштиле часови, тогаш се лутат редовните бидејќи тие губат време на нешто што веќе го учеле. 

Секој час се учи нешто што е 20-30% понапред од претходниот час. Се оди по темпо кое е идеално за тие што се редовни. Се повторува доволно да сме сигурни дека старото е совладано, но учиме доволно нови и работи да ни биде интересно.

 

Ако ти пропуштиш 2-3 часа и дојдеш директно на час кој е многу понапред, знај дека на другите часот и танцувањето ќе им биде многу позабавно, додека кај тебе наместо забавно, може да ти биде напорно.

Може дури да се случи да донесеш грешен заклучок дека “танцот мене не ми лежи, не е ова за мене”. Но ова се случува зашто другите веќе го совладале тоа што е на пониско ниво, и сега учат нешто што е понапредно. За нив е нешто ново и интересно, но за тебе е нешто напорно и чудно. 

За среќа ние имаме повеќе начини да ти помогнеме доколку мораш да испушташ некои часови од оправдани причини. 

Само информирај не, и ќе го најдеме идеалното решние за тебе… за да можеш и ти да уживаш во часовите исто како другите.

 

Scroll to Top