Со пријатели е подобро

Во моментов имаме специјална промоција за која моментално се поканети само членовите на групите за деца од 6 и пол години нагоре. Ако сте го добиле овој линк, поканети сте да учествувате во оваа промоција, но не го споделувајте линкот со други.

Промоција за втора и последна група
Поканете другарчиња, +1 месец гратис за нив, до 5 месеци екстра гратис за вашето дете

На децата им е многу позабавно кога во истата школа одат и некои од нивните другарчиња. За да го охрабриме ова, во моментов нудиме специјални подароци за оние што ќе поканат другарчиња во школата.

Како функционира ова

Доколку поканите пријатели на танц, тие ќе добијат:

  • 3-неделна бесплатна проба
  • Ако се зачленат ќе добијат плус еден* екстра гратис месец подарок

*- Ова е 1 месец плус од она што го добиваат другите. 

  • Ако после членарината уплатат за 1 месец, ќе добијат 2 месеци
    (еден месец подарок како ваш пријател)

  • Ако земат пакет со 3 месеци, ќе добијат 4 месеци
    (еден месец подарок како ваш пријател)
Награди за вас
  • Ако се зачлени едно дете по ваша покана, добивате плус 1 месец гратис членарина

  • Ако се зачленат две деца по ваша покана, добивате плус 2 месеци гратис членарина

  • Ако се зачленат три деца по ваша покана, добивате плус 5 месеци гратис членарина
До кога можеме да ја искористиме понудава?

Додека да се пополнат местата во последната група што се формира за оваа возраст. Ова е групата што се со термини четврток (од 18) и сабота (од 12). Последна ваква група за оваа сезона.

Теоретски нема ограничување на оваа понуда

Кога и да се зачлени некој во клубот што ќе ве спомне како пријател, ќе добиете награда за тоа. Со 3 такви пријатели, ќе ја добиете наградата од 5 месеци гратис

Меѓутоа има неколку добри причини зашто треба да побрзате

  • Во моментов ја формираме последната група за оваа возраст

     

    • Ако другарчето сака да направи бесплатна проба, а се пријави откако веќе се пополнети местата, ќе мора да чека додека да се ослободи место

    • Доколку се преполни целосно групата (со членови), ќе нема начин да проба или зачлени се до следната сезона, а можеби ни тогаш

 

  • Капацитетот на локацијата генерално е истотака при крај
  •  

    • Ако некој од вашите пријатели сака да се вклучи, но тоа го направи покасно, можеби нема да има место во ниту една група во моменталната сала, па можеби ќе треба да оди на часови во друга сала на сосема различна локација, во друга населба
    • Вие секако ќе добиете награда зашто сте ги пратиле, дури и да се вклучат многу покасно и во сосема друга група или сала. Но доколку сакате да се на исто ниво и иста локација со вашето дете, побрзајте додека е сеуште тоа можно
Што треба да направат пријателите?
  • Треба да ни пишат порака на фејсбук страната со шифра “за бесплатна проба”, и да го спомнат вашето име.

  • Ако решат да продолжат после пробата, ќе добијат и плус 1 месц гратис, а и вие зашто сте ги препорачале. 

  • Ако го направат ова 3 пријатели, вие добивате подарок 5 месеци гратис
Најчести прашања
Белешка: Промоцијата не е отворена за сите членови одеднаш

Бидејќи просторијата се ближи кон својот физички капацитет (за сите термини), промоцијата “донеси пријатели” не ја нудиме на сите членови одеднаш.

Доколку ја понудиме на сите членови одеднаш има опасност да се пријават премногу нови луѓе (пријатели) и нема да има место за нивната проба. Тогаш ќе биде некомфорна ситуација за сите.

Промоцијава ја нудиме прво на најпрвите групи кои имаат предност. Потоа ја нудиме на следните групи (по редослед на зачленување). И така натаму додека да се наполни капацитетот на салата и локацијата.

Доколку не сме ве поканиле за оваа промоција, имајте трпение, ќе добиете покана со време. Одиме по редослед на формирање (на групата). Доколку имате добиено покана, ве молиме не ја споделувајте оваа страна со други членови за да не настане стампедо каде ќе немаме место за сите заинтересирани пријатели да пробаат.

Scroll to Top