За мини-курсот

Има луѓе што имаат голема желба да можат да заиграат барем неколку основни работи во танцот… но немаат време да се запишат на формален курс за танц кој трае со месеци.

Затоа го смисливме бесплатниот мини-курс за апсолутни почетници

Со овој минимален курс, за само 6 часа ќе ја совладаш апсолутната основа на танцот и ќе научиш повеќе чекори во неколку популарни танци, плус неколку атрактивни комбинации.

Што е разликата помеѓу воведот и ова?

Нема разлика. Бесплатниот вовед е дел од мини-курсот. Првите 2 часа ги работиме во една вечер, и тоа го викаме “вовед во танцот”.
Со завршување на воведот веќе ја имаш поминато првата третина од курсот за апсолутни почетници.

Мини-курсот за апсолутни почетници трае 6 часа. Првите 2 часа ги одржуваме во една вечер и таа вечер ја нарекуваме “вовед во танцот”.

Ако имаш завршено вовед, веќе ја имаш завршено првата третина од курсот за апсолутни почетници. За да го довршиш курсот за апсолутни почетници треба да ги поминеш и другите 4 часа.

Дали мора веднаш да се доврши курсот?

Не мора. Бидејќи ги заврши првите 2 часа, со тоа имаш одлична основа, и во иднина ќе можеш да го довршиш курсот. Но, ако чекаш долго време, најверојатно ќе треба пак го повториш и воведот.

Дали автоматски ми следува место на било кој мини курс?

Не. Бидејќи го контролираме бројот и типот луѓе во просторијата, ќе треба посебно резервираш место за довршување на мини-курсот. Бидејќи заврши вовед, за тебе учеството е бесплатно, но ќе мораш да го пополниш формуларот за да ти чуваме место.

Scroll to Top