Редовни термини после пробата

Термините за после пробата се сега финализирани

Бидејќи голем број од родителите се во брзање преку работната недела, со цел да обезбедиме подобро искуство за сите, ќе користиме систем со поголема флексибилност.

  • Официјално, групата ќе го има првиот час преку неделата, а вториот час преку викенд.  Односно ќе имате час во вторник и во сабота.

  • Евентуално ќе додадеме нова група за оваа возраст која исто така официјално ќе има 1 час преку неделата, а втор час преку викенд

  • Со истата членарина ќе можете да комбинирате според потреба. На пример да го земете едниот час во едната група, а другиот час во другата група.

Бонус: За да не ја направиме промената нагло, ќе имаме период од 3 недели за постепена промена кон новиот систем. Во овој период ќе останат и старите два термини, а ќе има и еден нов. За време овој период сите ќе можат да  доаѓаат (ако сакаат) три пати неделно.

Распоред

Во наредните 3 недели постојат сите 3 термини. Тие што одат на часови можат да ги користат сите 3 или да комбинираат по желба

– Имате термин вторник од 18
– Имате термин четврток од 18
– Имате термин сабота од 12

Потоа, од 7ми Октомври ќе се префрлиме на новиот систем и за оваа група ќе останат официјално само двата нови термини:

– Имате термин вторник од 18
– Имате термин сабота од 12

Бонус (за тие што земаа пакет)

Како благодарност за довербата, се додека сте активен член ќе имате можност да користите 3 термини неделно, иако земавте членарина за 2 пати неделно. 

*Ова е кога постојат, и доколку постојат други групи за вашата возраст.

Scroll to Top