– Постојано формираме нови групи. Па ако прекинеш (на пример) насред степен 1 поради некоја оправдана причина, само пиши ни кога сакаш да продолжиш. Најчесто нема да мора да чекаш долго за група со која можеш да го искористиш уплатениот степен.
— На пример ако прекинеш на 4та недела, можеби ќе се вратиш и во моментот ќе имаме група што е на втора недела од курсот. Ќе можеш да им се приклучиш на нив.
— Или пак можеби ти ќе стигнеш до 4тата недела, ќе направиш прекин, ќе се вратиш и сега имаме група што е стигната до 5та недела, значи се понапред од твоето ниво. Во таков случај ќе ти понудиме гратис приватен термин да го научиш тоа што ти фали за да можеш да им се приклучиш.
Преку лето има повеќе луѓе што прават прекин со часови поради одмор. Но не го земаат сите одморот во исто време. Тоа не е проблем воопшто бидејќи имаме поголем број членови и повеќе групи.
– Ако повеќето луѓе во твојата група одат на одмор во слично време со тебе, тогаш целата група ќе паузира 1-3 недели, и со тоа ќе ги покриеме скоро сите што одат на одмор. Ќе можеш да продолжиш со потполно истата група
— За да го искоординираме сето ова ни треба да имаме навремена најава од сите во групата кога им одговара најмногу за одење на одмор.
– Ако се погоди твојот одмор во различно време од другите во групата – тоа пак не е проблем.
–> На пример можеби ќе ти понудиме да продолжиш со друга група што е поназад со часовите.
–> Или пак можеби ќе ти понудиме гратис приватни часови за да ја стигнеш својата стара група.
–> Или како што најчесто правиме, ќе имаме неколку бонус часови со целата група за да не стигнат тие што биле на одмор. Ова се часови за екстра фигури каде материјалот не станува потежок, а дозволува да не стигнат тие што одмарале
Подетално за условите за користење на оваа опција можете да видите тука.