Доколку уплатите пакет за повеќе недели (степен или ниво), а сте спречени да го искористите одеднаш (поради прекин), имаме повеќе начини да го искористите доколку го најавите прекинот на време.
– Степените се земаат во група која што има редовни часови на неделна база. Можете да имате до еден прекин во земањето на часовите, а пак да го довршите степенот без нова уплата
– Под прекин во земање на часови подразбираме прекин долг барем 2 недели. Пропуштање една недела во часовите е нормално, а дури и најредовните имаат пропуштени часови. Пропуст пократок од 2 недели не се смета за “прекин” во земање на степенот
– Ако имате прекин во земање на часовите, ќе треба да ни го најавите тој прекин барем 2 недели однапред
– Доколку го направите тоа, ќе ви овозможиме повеќе начини да го довршите степенот без да морате да го купите одново
1) Ако има група што е на исто или пониско ниво од вашето ниво (пред прекинот) ќе ви понудиме да се вклучите во таа група да го довршите степенот без додатна уплата. Под тоа се мисли група што не е повеќе од 1 недела понапред од вашата.
– Не гарантираме дека веднаш после прекинот ќе има група што е на термин кој ви одговара на Вам.
2) Ако имаме група што е малку понапред од вашето ниво (пред прекинот), ќе ви понудиме гратис приватни часови за да ја стигнете и да можете да им се вклучите без проблем.
Не гарантираме дека понудените приватни термини за надоместување ќе ви одговараат
3) Ако во рок од 6 месеци не успееме да обезбедиме опција 1 или 2, можете уплатениот систем да го искористите во форма на гратис приватни часови
– Еден приватен час (60 минути) заменува 2 недели за курс што има 90 минути, еднаш неделно.
– Тоа значи дека ако (на пример) имате 6 недовршени недели во курсот, ќе можете да го довршите материјалот со само 3 саати приватен тренинг.
a) Сето ова подразбира имање еден прекин за време на уплатениот степен или ниво.
– Ако имате повеќе од еден прекин, вториот пат веќе не ги гарантираме горенаведените начини да го искористите неискористеното време.
– Тоа не значи дека не можете да продолжите со прогрес во танцот. Само не гарантираме дека ќе можете по трет пат да земате часови од истото ниво без додатна уплата.
– Значи би се вратиле на стандарден систем кој го користат сите школи што даваат курсеви. Кај нив нема опција за ниту еден прекин. Кај нас имате до еден прекин гратис.
b) Сето ова подразбира дека прекинот е од оправдани причини
– Се што треба за да еден прекин биде оправдан е да е најавен на време и со конкретна причина. На пример одмор, повреда, службено патување, и сл…
– Прекини без причина го анулираат сето ова и ако се вратите после прекин ќе треба да си уплатите степен одново.